Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Драматична порака на Зеленски: Русија не смее да профитира од војната
Македонија

Драматична порака на Зеленски: Русија не смее да профитира од војната

31/03/2025

AA

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска од Буча, три години по рускиот масакр врз цивили, порача дека „достоинствен мир“ за Украина подразбира Русија да не смее да има никаква корист од војната, ниту да избегне одговорност за злосторствата што ги извршила.

„Во Буча денеска реков дека сите сакаме оваа војна да заврши што е можно побрзо, со загарантирана безбедност, траен мир и достоинство. Што значи достоинство? Дека Русија не смее да профитира од оваа војна и дека мора да одговара за она што го направи“, напиша Зеленски на платформата X.

Тој порача дека токму во Буча, пред три години, светот почна да се соочува со размерите на руската агресија: „Светот тогаш ги виде цивилите убиени на улиците, доказите за злоставување и тортура. Се виде дека ова не е само војна меѓу две држави, туку судир на два система – нашиот, европскиот, во кој животот и достоинството значат нешто, и рускиот, во кој луѓето може да се убиваат, злоставуваат и исфрлаат од своите домови.“

Зеленски наведе дека злосторствата како оние во Буча не биле изолирани случаи, туку дел од образецот на руската окупација низ Украина – од селото Јахидне во Черниговската област, каде што руските војници држеле жителите затворени во училишен подрум повеќе од три недели, до разрушениот Мариупол.

„Се памети секое такво место. Сите гледаат што се случи со Бахмут, Авдијивка, Вухледар… градови кои практично повеќе не постојат, затоа што така изгледа доаѓањето на руските знамиња“, рече тој.

Особено ја истакна симболиката на гробовите: „Еден од најсилните симболи на рускиот систем и оваа војна против Украина се гробовите – гробови на обични луѓе во дворовите на нивните домови. Ова никогаш не смее да се заборави.“

Зеленски тврди дека се документирани повеќе од 183.000 злосторства поврзани со руската агресија, а украинските власти сè уште немаат пристап до значителен дел од окупираната територија. Меѓу документираните случаи се егзекуции на воени заробеници и цивили, силувања и тортура.

„Нема да ги простиме овие злосторства, бидејќи тоа би значело дека го прифаќаме постоењето на систем како денешна Русија, која живее на сметка на другите народи“, напиша тој.

Ги повика меѓународните партнери да продолжат да ја поддржуваат украинската одбрана, борбата за вистината, санкциите против Русија и создавањето услови за вистинска правда.

„Буча не е само ‘некое место таму во Украина’ – ова може да му се случи на која било европска земја доколку сегашната единствена можност Русија да одговара за агресијата биде пропуштена“, заклучи тој.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОНЛАЈНМЕДИА ОСТРО ЈА ОСУДУВА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА СДСМ Партијата мора да

27/01/2026
Македонија

ЧЕТВОРИЦА ДИЛЕРИ ПАДНАА ВО ВАЛАНДОВСКО Марихуана и хашиш патувале од

27/01/2026
Македонија

ПОВТОРНО ИМА ИНИЦИЈАТИВА ОД БРИСЕЛ ЗА СРЕДБА MAКЕДОНИЈА-БУГАРИЈА Членки на

26/01/2026
Македонија

ОБЛАЦИТЕ НЕ ПОПУШТААТ, ВРНЕЖИТЕ ТРААТ Кон крајот на седмицата доаѓа

26/01/2026
Македонија

Поплава во Струмичко: Удавени над 100 овци и јагниња, уништени

26/01/2026
Македонија

AKO E ЕУ ИСКРЕНА, НЕМА ДА ПРИМЕНИ НЕГАТИВНИ МЕРКИ КОН

26/01/2026
Македонија

НЕ МУ СЕ ПОЈАВУВААТ НА СЕДНИЦИ НА ФИЛИПЧЕ, КОЛКУ Е

26/01/2026
Македонија

Здружението ОНЛАЈНМЕДИА со реакција за етикетирање медиуми

26/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40654
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy