
Драма во Русија, исчезна авион со патници
Авион Ан-2 со три лица, управуван од Стриж Авија, исчезна во Чукотка на далечниот исток на Русија, соопшти претставник за вонредни состојби.
„ Авионот полета од Певек до Пољарна, но во закажаното време на слетување не беше остварен контакт со него . Во авионот има двајца членови на екипажот и еден патник“, рече официјалниот претставник.
Според него, хеликоптерот Ми-8 со спасувачи ја започнал потрагата. Иако е утврдена последната позната локација на исчезнатиот авион, тој се уште не е откриен, ниту пак е остварен контакт со него.
Испратени се и спасувачи и доброволци со теренски возила, наведува руската агенција.