Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Драма во Кавадарци: ТФТ го врати брејкот, ќе се игра „мајсторка“ во Скопје!
Спорт

Драма во Кавадарци: ТФТ го врати брејкот, ќе се игра „мајсторка“ во Скопје!

03/05/2023

AA

Кошаркарите на ТФТ дојдоа до изедначување во четврт-финалната плејоф-серија против Еуро Никел, откако вечерва по голема борба и неизвесен финиш дојдоа до победа во Кавадарци (76-72), со што го надополнија неуспехот на домашен терен од пред неколку дена.

Скопјани одлично го затворија мечот, ги постигнаа последните седум поени на средбата со кои направија резултатски пресврт и дојдоа до драгоцениот триумф. Кавадарчани, пак, пропуштија голема шанса за пласман меѓу четирите најдобри екипи, а згора на тоа на три секунди до крајот имаа и можност да изборат барем продолжение, но при негатива од 72-74 Марјан Младеновиќ ги промаши двете слободни фрлања.

Домаќинот подобро го отвори натпреварот, уште во првата четвртина дојде до плус (20-12), но гостите од Скопје брзо ја вратија резултатската неизвесност и веќе во вториот период самите дојдоа до највисоките вечерва плус седум (40-33). Оттогаш се играше рамноправно, со голем број промени во водството, за на крајот кошаркарите од скопската населба Тафталиџе да дојдат до посакуваниот успех.

Американецот Дупри Мекбраер со 20 поени, шест скока и пет асистенции беше најдобар кај ТФТ, додека Александар Костоски дополни со 12 поени, пет скока и седум асистенции. Јуре Планиниќ со 19 поени беше најефикасен кај Еуро Никел, додека трагичарот на вечерта Младеновиќ средбата ја заврши со 12 поени, пет скока и 12 асистенции.

Решавачкиот трет меч ќе се игра следниот викенд во Скопје. Вечерва се играат вторите средби и од сериите помеѓу Кожув и МЗТ (0-1) односно Феникс и Пелистер (0-1).

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy