
Драма во Карбинци: Маж со остар и тврд предмет ги нападнал сопругата и нејзините брат, мајка и татко
На 03.08.2025 во 22:40 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.К.(37) од с.Таринци, општина Карбинци, постапувајќи по претходна пријава дека во дворот на родителите на неговата сопруга физички ги нападнал неговата сопруга и нејзините брат, мајка и татко, при што употребил остар и тврд предмет.
Тие биле пренесени во Клиничка болница , каде што на мајката и братот на сопругата на С.К. им биле констатирани тешки телесни повреди.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 131 од Кривичниот законик.