
ДРАМА КАЈ МАТКА СО СРЕЌЕН КРАЈ: Возило излета во Треска – сите патници се спасени и неповредени
Вистинска драма се одвивала денеска во близина на езерото Матка, но за среќа, завршила без човечки жртви. Патничко моторно возило излетало од патот и завршило директно во водите на реката Треска.
Центарот за управување со кризи (ЦУК) и МВР ја потврдија несреќата, информирајќи дека акцијата за увид и извлекување е веќе завршена.
Поради сериозноста на ситуацијата и потребата полициските екипи безбедно да пристапат до возилото во реката, ЦУК итно побарал интервенција од ХЕЦ „Матка“.
Најважната вест пристигна од СВР Скопје по извлекувањето на возилото:
Возилото е веќе извлечено од коритото на реката Треска, а полицијата ги утврдува причините за излетувањето.
