Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДПМНЕ блокира грант од 14 милиони евра, обвинуваат од СДСМ
Македонија

ДПМНЕ блокира грант од 14 милиони евра, обвинуваат од СДСМ

26/02/2024

AA

Пратениците од опозициската ДПМНЕ блокираат закони кои се од интерес на граѓаните и го кочат развојот на земјата, рече денеска на прес конфернецијата пратеничката на СДСМ, Лидија Тасевска.

Додаде дека претседателот на Комисијата за финансирање и буџет Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ не го става на дневен ред на комисија Предлог на законот за гаранција по Договорот за заем за дополнително финансирање на проектот за надградба и развој на патишта.

Овој Закон е поднесен до Собранието уште во декември со изгласана потребата од негово носење.

-ДПМНЕ на овој начин ја кочи реализацијата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка кој претставува значаен капитален проект за североистокот и за целата држава во целост. ДПМНЕ бојкотираат грант во висина од 14 милиони евра обезбедени со овој пакет од Светска Банка, средства кои треба да се искористат за довршување на патот.

Изградбата на патот во предвидените рокови е од исклучителна важност за развој на регионот, развој на транспортот и поврзувањата кон Европа и светот и ја претставува главната артерија на извозот на домашното производство.

ВМРО-ДПМНЕ во отсуство на конкретна понуда за програмски развој на државата се служи само со блокади.

Свесни за фактот дека сите процедури за добивањето на заемот се поминати во рамки на организациските тела на Светска Банка повторно се служат со неприфатливи алатки кои носат штета на економијата и државата.

Законот навремено е доставен во собранието, но истиот свесно и испланирано не се наоѓа на дневниот ред на Комисијата за финансирање и буџет.

Со неносењето на овој закон се прави штета по буџетот на државата која ќе падне на грбот на граѓаните и даночните обврзници кои ќе мора да плаќаат пенали поради неисполнување на обврските од договрот со Светска Банка.

Јавно го повикувамe Претседателот на комисијата за финансирање и буџет во рамки на Собранието ургентно, уште денес да ја свика комисијата и да го разгледа предлог законот за истиот што поскоро да биде изгласан од страна на пратениците во Парламентот во интерес на граѓаните и државата, рече Тасевска на денешната прес конференција.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БУГАРИЈА ЗА НЕКОЈ ДЕН ЌЕ ГИ ДОБИЕ ОСТАНКИТЕ НА ЦАР

29/09/2026
Македонија

БУГАРИЈА ЗА НЕКОЈ ДЕН ЌЕ ГИ ДОБИЕ ОСТАНКИТЕ НА ЦАР

29/09/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ РЕДОВНО ГУБИ НА ИЗБОРИ, ЗОШТО БИ САКАЛЕ НЕГОВА СМЕНА

29/09/2026
Македонија

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и

28/09/2026
Македонија

УТРИНСКИ МРАЗ ВО БЕРОВО, ЛЕТНИ 26 СТЕПЕНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Голема

28/09/2026
Македонија

СДСМ СЕ ПРОТИВ ВЛАДАТА, ПРОТИВ ИНВЕСТИЦИИТЕ, ПРОТИВ СÈ Мицкоски вели

28/09/2026
Македонија

ШЕСТ ЛИЦА УАПСЕНИ ПОД СОМНЕНИЕ ЗА ТЕРОРИЗАМ Неофицијално пронајдени снајперски

28/09/2026
Македонија

САКАМЕ РЕШЕНИЕ СО БУГАРИЈА, НО МОРА ДА ИМА ПРЕДВИДЛИВОСТ Муцунски

28/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45859
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БУГАРИЈА ЗА НЕКОЈ ДЕН ЌЕ ГИ ДОБИЕ ОСТАНКИТЕ НА ЦАР САМУИЛ ОД ГРЦИЈА Радев се

29/09/2026

Останките што му се припишуваат на цар Самуил наскоро би можеле да го напуштат Солун, повеќе од половина век откако

БУГАРИЈА ЗА НЕКОЈ ДЕН ЌЕ ГИ ДОБИЕ ОСТАНКИТЕ НА ЦАР САМУИЛ ОД ГРЦИЈА Радев се

29/09/2026

Останките што му се припишуваат на цар Самуил наскоро би можеле да го напуштат Солун, повеќе од половина век откако

ФИЛИПЧЕ РЕДОВНО ГУБИ НА ИЗБОРИ, ЗОШТО БИ САКАЛЕ НЕГОВА СМЕНА Тој е пиун на омразениот

29/09/2026

Го разбираме стравот на Венко Филипче дека постои опасност да биде променет во неговата партија, тоа е страв кој е

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy