Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДОЖИВОТНА КАЗНА ЗАТВОР ЗА ШТИПЈАНЕЦОТ ШТО СИ ЈА ЗАКЛА МАЈКА СИ Не го спаси тврдењето дека на ништо не се сеќава
Македонија

ДОЖИВОТНА КАЗНА ЗАТВОР ЗА ШТИПЈАНЕЦОТ ШТО СИ ЈА ЗАКЛА МАЈКА СИ Не го спаси тврдењето дека на ништо не се сеќава

09/02/2026

AA

Стојанче Зарков, штипјанецот кој во август лани во алкохолизирана состојба ја уби сопствената 84-годишна мајка, е осуден на доживотна казна затвор, објави Канал 77.

Зарков на рочиштата од судењето за убиството тврдеше дека не се сеќава дали ја убил мајка си.

Тврдеше дека највообичаено тој ден ги извршувал секојдневните обврски, купил јадење и лекови за неговата мајка и излегол на кафе. Вечерта дома се вратил со такси. Потоа вели дека бил во другата соба кога неговата мајка почнала да вика, а кога влегол кај неа забележал дека од вратот и тече крв. Повикал брза помош, а дошле и полиција и јавен обвинител.

Но, според доказите Зарков кога се јавил на итната медицинска помош се обратил со зборовите: „Ја прободев несакајќи мајка ми, или ќе преживее или нема“.

Со вештачењето на ножот и ДНК-анализа на отисоците и крвта на ножот, неприкосновено беше докажано дека извршител на убиството е Зарков.

Стојанче Зарков меѓу штипјани е познат како поранешен угостител, препознатлив по кафеаната „Гроф“, која долги години работеше во штипската чаршија. Откако пред повеќе години западнал во алкохолизам и коцка, тој прво ја изгубил кафаната, а поради постојано насилство и семејни проблеми се развел од сопругата, па продолжил да живее со родителите. Штипјани велат дека тој бил пријавуван повеќе пати за семејно насилство, неколку пати бил приведуван и затворан, а пред извесно време починал и неговиот татко, кон кого исто така насилно се однесувал.

 

 

ПИЈАН ЈА ЗАКЛАЛ МАЈКА СИ, А СЕГА НЕ СЕ СЕЌАВА!? Заврши судењето за злосторството во Штип

 

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАЈКА ТЕРЕЗА СТАНУВА ЗАШТИТНИЧКА НА КАЛКУТА: Архиепископијата ѝ оддава чест

09/02/2026
Македонија

„Стоматологот да не толкува право“: Филков му врати на Сали

09/02/2026
Македонија

АРБЕН ЗИБЕРИ СО ИЗЕТ МЕЏИТИ Внукот на Насер Зибери од

09/02/2026
Македонија

ТРАНСФЕР НА ПОРАНЕШНИОТ ПРАТЕНИК НА ДУИ: Арбен Зибери премина во

09/02/2026
Македонија

Поднесе оставка од потпретседателка, денеска ја избраа за нова претседателка

09/02/2026
Македонија

ДОЖИВОТНА КАЗНА ЗАТВОР ЗА ШТИПЈАНЕЦОТ ШТО СИ ЈА ЗАКЛА МАЈКА

09/02/2026
Македонија

СЛУЧАЈ „ОНКОЛОГИЈА“: Вешто лице од Словенија тврди дека несоодветна терапија

09/02/2026
Македонија

НИКАКО НЕ ПИЈТЕ: Водата од водоводот во Струга забранета за

09/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41255
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАЈКА ТЕРЕЗА СТАНУВА ЗАШТИТНИЧКА НА КАЛКУТА: Архиепископијата ѝ оддава чест на првата годишнина од канонизацијата

09/02/2026

По повод одбележувањето на првата годишнина од канонизацијата на Мајка Тереза, Архиепископијата во Калкута (Колката) во среда ќе одржи посебна

„Стоматологот да не толкува право“: Филков му врати на Сали – „Нема правосуден на албански,

09/02/2026

Министерот за правда Игор Филков упати остра реакција до вицепремиерот Беким Сали, по неговата изјава за барањето на студентите за

АРБЕН ЗИБЕРИ СО ИЗЕТ МЕЏИТИ Внукот на Насер Зибери од ДУИ во Вреди

09/02/2026

Поранешниот пратеник на ДУИ, д-р Арбен Зибери, внук на првиот албански кандидат за премиер Насер Зибери, решил да го продолжи

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy