
Доживеала тешка траума: Позната скијачка се разбуди од вештачката кома по повредите, ова се новите информации!
Чешката скијачка Тереза Нова, која доживеа тежок пад за време на тренинзите за спуст трката од Светскиот куп во Гармиш-Партенкирхен во јануари, е разбудена од индуцирана кома.
Нејзините лекари во Германија денеска соопштија дека Нова ќе биде однесена во Чешка.
Нова (27) на 24 јануари доживеа пад и од патеката беше однесена директно во клиниката во Мурнау, каде и беше констатирана тешка траума на главата со крварење, оштетување на каротидната артерија и скршеница на очниот отвор.
Поради природата на повредите, лекарите морале да ја стават во вештачка кома. По две недели, лекарите на одделот за интензивна нега почнале постепено да и го намалуваат седативот.
Ондреј Берандт, придружникот на Тереза Нова и тренер на чешката скијачка репрезентација, се заблагодари за поддршката, но во исто време побара почитување на приватноста на чешката скијачка.
„Патот е долг, но сигурен сум дека ќе стигнеме. Заедно со родителите на Тереза сакаме да им се заблагодариме на сите за поддршката што ја добиваме, а во исто време бараме почитување на приватноста и мирот што ќе и треба за време на нејзиното закрепнување“, изјави Ондреј Берандт.
