
„Доста молчевме, до кога ќе чекаме овој случај да има разврска?“ – од „Кој е следен“ најавуваат масовни протести!
Со мирен протест на главниот плоштад во Скопје, граѓаните се собраа да искажат лутина и тага поради непостапувањето на институциите шест месеци по трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
„Собрани сме да потсетиме дека институциите се неодговорни. Шест месеци никој не одговори на нашите барања кои се јасни – сите вмешани во работата на дискотеката мора да сносат одговорност. Нема да простиме“, рече Анастасија Павловска од „Кој е следен“.
Како што рече, денеска собирот бил со молк, тага и лутина, но од утре веќе нема да молчат.
Таа ги повика сите граѓани да се приклучат во масовната мобилизација за правда, преку протести и јавни активности. Организаторите потенцираа дека молчењето е завршено и дека ќе се инсистира на правна разврска и одговорност од надлежните.
