Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Доскорешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, стана газда на фирма од Скопје
Економија

Доскорешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, стана газда на фирма од Скопје

28/12/2023

AA

Додека е на тапет кај Државната комисија за спречување на корупција, доскорешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, заедно со својот син Никола Ковачевски ја презедоа Елтек Доо увоз-извоз Скопје, една од водечките компании во областа на енергетиката, електротехниката, далечинското управување и проектирање во Македонија.

Во април поранешниот пратеник од Битола и еден од најекспонираните функционери за време на енергетската криза си даде оставка од лични причини на позицијата генерален директор во државните електрани, а за кратко време потоа беше демантирано дека ќе биде испратен како нов амбасадор во Париз.

Надзорниот одбор на ЕСМ го назначи Васко Ковачевски за претседател на Управниот одбор и за генерален директор во јули 2019 година, функција на која дојде од местото директор на РЕК „Битола“, каде беше назначен во јануари 2018 година. Неодамна неговото место во ЕСМ го презеде Васко Стефанов.

– Јас останувам во Македонија и заедно со синот, бидејќи реков дека ќе се посветам на семејството, ќе ја водиме оваа фирма која нуди услуги за проектирање на енергетски објекти и одржување на инсталации во енергетиката. Амбициите остануваат исти со моето доаѓање. Станува збор за компанија формирана од 1992, ни изјави Ковачевски.

„Елтек“ работи на изградба и реконструкција на трансформаторски станици, далечинско управување со нив, проектира и изведува далноводи, а работи и на изградба на мали хидроцентрали. Оваа компанија, како што може да се види, во јавниот сектор најмногу соработувала со МЕПСО.

Ковачевски од пред неколку дена ја презема оваа фирма од досегашниот сопственик „Ембер Нетворк“ од Битола, за која малку се знае во јавноста, како и од „Ембер Тим“, која е на иста адреса со неговото место на живеење.

Инаку вчера Државната комисија за спречување на корупција покрена иницијатива за одговорност против Ковачевски и други службени лица вработени во ЕСМ и во Министерството за економија, кои биле дел од Комисијата за спроведување на набавката на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино. Антикорупционерите утврдиле низа сомнежи за неправилности во постапката, односно дека со анекси на договорите, на РКМ ѝ било овозможено да испорача помалку мазут за повеќе пари од првично договореното. Се сомневаат дека функционерите несовесно работеле и ја злоупотребиле службената должност, со што предизвикале пораст на цената на мазутот, и му овозможиле поголем профит на РКМ.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОДБРАНАТА ПОВИКА 244 СВЕДОЦИ НА СУДЕЊЕТО ЗА „ПУЛС“ Газда Деко

30/09/2026
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА ОПЕРАЦИЈА ВО ПРИЛЕП Претреси на околу 30 локации,

30/09/2026
Македонија

ДАЛИ САМУИЛ И САМУЛИОВАТА ДРЖАВА БИЛЕ БУГАРСКИ (1) Комитопулот на

30/09/2026
Македонија

ДАЛИ ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ИМА ТАЕН ДОГОВОР СО БУГАРИЈА ЗА НОВО

30/09/2026
Македонија

НЕМА НАУЧНА ПОТВРДА ДЕКА МОШТИТЕ СЕ НА ЦАР САМОИЛ Бугарија

30/09/2026
Македонија

БОБИ ХРИСТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК ВО ТЕЛМА Телевизијата најавува

29/09/2026
Македонија

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27

29/09/2026
Македонија

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45882
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОДБРАНАТА ПОВИКА 244 СВЕДОЦИ НА СУДЕЊЕТО ЗА „ПУЛС“ Газда Деко на 3 октомври излегува од

30/09/2026

Вкупно 244 сведоци повикале адвокатите на 34 обвиети физички и 3 правни лица за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани,

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА ОПЕРАЦИЈА ВО ПРИЛЕП Претреси на околу 30 локации, под лупа и полицајци

30/09/2026

Прилеп од рано утрово е под засилено полициско присуство. Специјални единици и униформирани полициски службеници се распоредени на терен, а

ДАЛИ САМУИЛ И САМУЛИОВАТА ДРЖАВА БИЛЕ БУГАРСКИ (1) Комитопулот на македонска земја!

30/09/2026

Oсврнувајќи се на 1.009-годишнината од легендарниот балкански судир помеѓу Самуил и Василиј Втори кај Беласица и реактуализирањето во македонско-бугарските политички

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy