ДОШОЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА ДЕКАНОТ, ОСТАВИЛ ПИСМО И СИ ЗАМИНАЛ Тетовската полиција трага по поранешен студент
Поранешен студент оставил писмо со заканувачка содржина за професори во Факултетот за уметности при Тетовскиот универзитет, по што го напуштил факултетот.
Случајот бил пријавен вчера во СВР Тетово од деканот С.А. (55) и секретарот А.А. (33), кои информирале дека околу 11:40 часот во канцеларијата на деканот дошол поранешниот студент И.А. од тетовското село Голема Речица.
Тој му оставил на деканот писмо со заканувачка содржина упатена до професори на факултетот, по што си заминал.
Од СВР Тетово информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на поранешниот студент и за целосно расчистување на случајот.
.
Извор: plusinfo.mk