170 ВОЗИЛА ИСПРАТЕНИ НА ТЕХНИЧКИ, 34 ИСКЛУЧЕНИ ОД СООБРАЌАЈ Акциска контрола на МВР утврди многу неправилности кај возилата
Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи вчера од 8 до 13 часот на целата територија на државата спроведе зајакнати акциски контроли над автобуси и други возила со кои се врши јавен превоз на патници.
„При спроведените контроли контролирани се вкупно 405 автобуси и други возила со кои се врши јавен превоз на патници, при што кај 92 возила се констатирани неправилности.
Во рамки на контролите, на технички преглед биле упатени 170 возила, додека 34 се исклучени од сообраќај поради утврдени неисправности.
За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.
Во текот на контролите поднесени се и три кривични пријави согласно член 297-а од Кривичниот законик, а едно возило е одземено согласно член 300-б.
Констатирани се и 239 прекршоци од друг вид.
Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на зајакнати сообраќајни контроли, со цел обезбедување повисоко ниво на безбедност и сигурност при јавниот превоз на патници“ – се вели во соопштението на МВР.
.
Извор: plusinfo.mk