Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Досега непознато морско суштество откриено во британските води
Магазин

Досега непознато морско суштество откриено во британските води

01/03/2024

AA

Во морето кај југозападна Англија е пронајден нов вид морски полжав. Новооткриеното суштество е забележано од истражувачки брод и ѝ припаѓа на група полжави што вирее во потопли води и може да мигрира на север поради климатските промени.

Рос Булимор од Центарот за наука за животна средина, храна и аквакултура (ЦЕФАС) го потврди случајното откритие на новиот вид. Тој вели дека околу 100 различни морски полжави се пронајдени во морињата крај Велика Британија и Ирска, но ова е „нешто посебно“, како што истакна стручњакот. Полжавот, инаку, го доби називот „Pleurobranchaea Britannica“.

– Откритието покажува дека имаме уште многу да научиме за животот во морињата. Прилично е возбудливо да се најде нов вид кој не е микроскопски. Тоа покажува дека има уште работа за нас, изјав Питер Бери од ЦЕФАС.

Морските полжави се вид мекотели без школки, и растат само до околу пет сантиметри во должина. Тие им помагаат на научниците подобро да ги проучат морските екосистеми, поради нивната чувствителност на влијанијата од климатските промени и човековото дејствување.

– Гледаме присуство на вид кој отсекогаш бил забележан во потоплите води. Ова може да значи дека тој може дополнително да го проширува своето присуство бидејќи условите стануваат поповолни или попогодни за него, забележа Булимор.

Поради повисоките температури на океаните, постои загриженост за влијанието врз морскиот свет. Потоплите океани и топлотните бранови ги вознемируваат морските видови – риби, китови и др., додека се движат во потрага по поладни води, нарушувајќи го така и синџирот на исхрана. Научниците предупредуваат дека тоа може да влијае на рибниот и морскиот свет.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Четири лица загинаа во страотна несреќа на скопската обиколница

22/05/2026
Македонија

Мечка снимена како трча кај Градскиот парк во Битола, граѓаните

21/05/2026
Македонија

Андоновски: Наскоро стартува државна „суперапликација“ со дигитална лична карта и

21/05/2026
Македонија

ХАОС ВО ЗДРАВСТВОТО: Вработени ја тужат државата, хирурзи со плати

21/05/2026
Македонија

ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА КАКО ОРУЖЈЕ ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА: Андоновски признава дека понекогаш греши

21/05/2026
Македонија

Андоновски: Македонија гради „дигитален автопат“ меѓу институциите

21/05/2026
Македонија

АНДОНОВСКИ СТАВА КРАЈ НА ХАОСOT: Државни податоци се чувале во

21/05/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова на средба со командантот на Здружената команда на сојузничките

21/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43395
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Четири лица загинаа во страотна несреќа на скопската обиколница

22/05/2026

Тешка сообраќајна несреќа на скопската обиколница однесе четири животи, откако камион со косовски регистарски таблички преминал во спротивната лента и

Мечка снимена како трча кај Градскиот парк во Битола, граѓаните вознемирени

21/05/2026

Мечка била снимена како трча по улицата „Македонска фаланга“ во близина на Градскиот парк во, а видеото брзо се прошири

Андоновски: Наскоро стартува државна „суперапликација“ со дигитална лична карта и возачка дозвола

21/05/2026

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ најави дека државата е во завршна фаза на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy