Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДОЛЖАТ НА КИНА: Малдивите се на чекор до банкрот
Економија

ДОЛЖАТ НА КИНА: Малдивите се на чекор до банкрот

03/07/2024

AA

Малдивите се на работ на банкрот, а најмногу ѝ должат на Кина. 

Агенцијата за кредитен рејтинг Фич оваа недела предупреди дека островската држава е изложена на ризик од неисполнување на надворешниот долг.

Ризиците со кои се соочуваат Малдивите произлегуваат од намалувањето на нивните девизни резерви, објави „СЕЕ.биз.еу“.

Тие во мај се намалија на само 492 милиони американски долари, а само за годинава се очекуваат 409 милиони долари за сервисирање на долгот. Ова ќе ја стави земјата со околу 2.000 мали атоли во Индискиот Океан, позната по своите престижни одморалишта и познатите патници, под сериозен притисок, објави оваа недела француската новинска агенција АФП.

Официјалните податоци покажуваат дека надворешниот долг на државата лани изнесувал 4,04 милијарди долари. Тоа е 118 отсто од нивниот бруто домашен производ. За една година порасна за 250 милиони долари.

Заклучно со јуни минатата година, 25,2 отсто од надворешниот долг на Малдивите е во рацете на Експорт-импорт банка на Кина. Банката е најголемиот индивидуален доверител на островската држава.

Инаку, држава во светот која трипати банкротирала во 21 век е Аргентина и сега пак е во криза. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Нов смртен случај по убод од комарец во Скопје

14/08/2026
Македонија

Функционерите со здравица за чиста вода во Гостивар по месец

14/08/2026
Македонија

Повторно безбедна за пиење водата од градскиот водовод во Гостивар,

14/08/2026
Македонија

Трето вонредно прскање против комарци во Драчево

14/08/2026
Македонија

Пет македонски семејства побарале помош за евакуација од подрачјата зафатени

14/08/2026
Македонија

Ахмети: Ја сакам Македонија колку што ја сакаат Мицкоски и

14/08/2026
Македонија

Еден пожарникар со изгореници, вчерашниот ден бил еден од најтешките

14/08/2026
Македонија

Од Охридско езеро извлечено тело на 46-годишен маж од Грузија

13/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45017
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Нов смртен случај по убод од комарец во Скопје

14/08/2026

Во Скопје е регистриран нов смртен случај поврзан со западнонилската треска. Почина 72-годишен маж кој бил хоспитализиран на Клиниката за

Функционерите со здравица за чиста вода во Гостивар по месец контаминација

14/08/2026

По еден месец од контаминацијата на гостиварскиот водовод, Главниот штаб за управување со кризи соопшти дека водата за пиење е

Повторно безбедна за пиење водата од градскиот водовод во Гостивар, соопшти Ангелов

14/08/2026

Жителите на Општина Гостивар повторно можат да ја користат водата од градскиот водовод за пиење, бидејќи е безбедна, соопшти денеска

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy