Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Долговите на јавните претпријатија кон ЕДС главно оружје на Владата да ја исфрли грчката компанија од трката за универзален снабдувач!?
Македонија

Долговите на јавните претпријатија кон ЕДС главно оружје на Владата да ја исфрли грчката компанија од трката за универзален снабдувач!?

03/01/2024

AA

Долговите на јавните претпријатија и единиците на локална самоуправа кон ЕДС може да бидат „главно оружје“ на Владата да ја исфрли грчката компанија од трката за универзален снабдувач за следните пет години, пишува А1он.мк

Од таму сметаат дека толерирањето на долговите на јавните претпријатија и единиците на локалната самоуправа од страна на ЕДС ќе се третира како хендикеп иако компанијата една година наназад апелирала за поголема ажурност за претпријатијата за навремено подмирување на сметките за струја, подобро планирање на буџетите за потрошувачка и домаќинско трошење на струјата.

„Апелираме дека е неопходно Владата да помогне и кај јавните претпријатија што должат и кон останатите снабдувачи со електрична енергија на македонскиот пазар. Интервенцијата на Владата не смее да биде селективна и финансиската помош за покривање на долговите за електрична енергија не би требало да бидат насочени само кон еден снабдувач“, порачаа од грчката компанија која снабдува со електрична енергија повеќе од 550 правни субјекти, од кои над 200 се јавни претпријатија и институции.

Упатените во оваа постапка неофицијално откриваат дека Владата одлучила на ЕВН да и го додели повикот, поради што постојат сомневања дека критериумите за останатите заинтересирани би можеле да бидат ограничувачки, што на крај можело да ги потврди сомнежите дека изборот на универзален снабдувач за следните пет години ќе биде политичка одлука.

Јавниот повик од страна на Владата беше објавен на 11 декември, а на пазарот, освен ЕВН Хоум, интерес пројавија и други компании од овој сектор.

Условот е понудувачите да имаат обезбедено работен капитал во вредност од 40 милиони евра, а како најсериозна конкуренција на повикот доаѓа ЕДС, зад која стои грчката ППЦ која има годишни приходи од близу 11 милијарди евра и има своите претставништва во повеќе земји низ југоисточна Европа.

„Очекуваме дека целата постапка за избор на нов универзален снабдувач за домаќинствата и малите потрошувачи ќе биде транспарентно спроведена, со почитување на начелата за фер конкуренција и дека ќе биде донесена одлука од која што најголема придобивка ќе имаат граѓаните. И токму она што е најголем интерес на граѓаните, го имавме ние како компанија предвид при подготовката за овој повик. Јавноста треба да знае дека нашата понуда ќе биде многу конкурентна и со значително пониска маржа“ – изјави првиот човек на ЕДС во Македонија, Милтиадес Бабилис.

Петгодишниот договор со ЕВН Хоум истекува следната година, а оваа компанија на 1 јули 2019 беше избрана за универзален енергетски снабдувач на струја, со понуда за маржа од 11,5 проценти.

Аналитичарите велат дека зголемениот интерес за учество на тендерот за Универзален снабдувач на електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи, ќе се овозможи здрава конкуренција и намалување на маржата за снабдувачот, што на крај би резултирало со пониски цени на струјата за граѓаните.

Извор: А1он.мк

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
Македонија

Повеќе лица повикани во полиција по ширењето информации за наводна

12/08/2026
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
Македонија

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет –

12/08/2026
Македонија

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44989
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од земја и воздух

12/08/2026

Пожарот кој изби во општината Студеничани, во близина на местото Рамни Габер, продолжува да гори и во текот на ноќта.

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија апел за итно отворање центар

12/08/2026

По долга и исцрпувачка борба на ветеринарниот тим и активистите, познатиот срнак Мартин денеска подлегна на тешките повреди. Неговата состојба

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот на ноќта

12/08/2026

Пожарот кој се прошири од село Моране зафати дел од подрачјето на село Габер, каде што во текот на денот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy