
Долги колони од камиони чекаат за влез во земјава на преминот Ѓуешево -Деве Баир
Големи колони од камиони чекаат со часови за влез во земјава на граничниот премин Ѓуешево -Деве Баир.
Според информациите, колоните се создадени поради неисчистен снег од македонската страна.
Превозниците велат дека со таков проблем се соочуваат од викендот.