
ДОДИК НАПИША МИСТЕРИОЗНА ПОРАКА – „СТИГНАВ“: Уште нема информација каде е пратседателот на Република Српска
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик се огласи за прв пат по два
дена молк, објавувајќи кратка и
мистериозна порака на социјалната мрежа Х: „Стигнав“.
Оваа објава доаѓа откако тој претходно бил виден во авион
кој слетал во Белград од Израел, каде потоа му се губи секаква јавна трага.
Се уште нема потврдени информации за тоа каде се наоѓа
Додик, ниту дали се вратил во Босна и Херцеговина, поточно во Бања Лука, ниту
како би можел да биде префрлен.
За време на престојот во Израел, самиот Додик го најави
своето враќање во БиХ „идната недела“.
Инаку, тој пристигна
во Белград, наводно во колона возила кои не ги поминале вообичаените гранични
контроли, што дополнително предизвика сомнеж за неговиот начин на движење.
Против Додик е распишана централна потерница во рамките на
БиХ, а се очекува и одлука на Интерпол за можна меѓународна потерница. Засега
нема официјална потврда од Интерпол дали Додик ќе се соочи со меѓународни
мерки.

