Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Додека се најавуваат рестрикции за никотинските производи, превенцијата од пушење во Македонија значително потфрлила
Македонија

Додека се најавуваат рестрикции за никотинските производи, превенцијата од пушење во Македонија значително потфрлила

13/02/2026

AA

Домашните здравствени власти со новиот предлог Закон за заштита од пушење ги поистоветија цигарите и алтернативните никотински производи, иако дел од државите кои ја намалија стапката на пушење овозможија широка употреба на уредите за загревање, вејповите и никотинските ќесички. Рестриктивниот пристап кон алтернативните никотински производи е предвиден иако во Македонија има далеку поголем број корисници на цигари. Повеќе истражувања во држави кои ја забраниле продажбата на ароматизирани никотински производи покажуваат дека кај нив расте црниот пазар, каде нема никаква контрола врз составот на производите, а исто така се забележува и дека дел од корисниците на вејпови се враќаат на употребата на цигари.

Во Македонија, Институтот за јавно здравје спровел истражување во кое се опфатени само уредите што загреваат тутун и податоците покажуваат дека само 4.5% од учесниците во истражувањето биле активни корисници на тие уреди, додека стапката на пушење е околу 45%.

Во меѓувреме, анализи во Велика Британија покажале дека алтернативните никотински производи им помогнале на значителен број лица да се откажат од пушењето цигари. Според податоци од организацијата ASH речиси 3 милиони луѓе во Велика Британија се откажале од пушењето со помош на уреди вејпови во период од пет години.

„Во последните неколку години, речиси сите пациенти што ги гледам, а кои успеваат да се откажат од пушењето, го прават тоа преку вејповите, а без нив стравувам дека многумина не би го сториле тоа. Вејповите веќе ги користат Центрите за откажување од пушење и поддршка на Националната здравствена услуга (NHS), но тие би можеле да се користат пошироко во нашите напори да им помогнеме на милионите што сè уште пушат да се откажат.“, смета проф. Санџај Агравал, специјален советник за тутун на Кралскиот колеџ на лекари.

Дел од анализите покажуваат дека сојузни држави во САД кои забраниле ароматизирани никотински производи регистрираат пораст на употреба на цигари.

„Ограничувањата за ароматизирани е-цигари резултираат со намалување од 3,6 процентни поени на користење на вејпови на дневно ниво, но зголемување од 2,2 процентни поени на пушење на дневно ниво, од 2018 до 2023 година во однос на државите што не ги забранија производите“, покажува истражување на специјализираното списание ЈАМА.

Паралелно, во САД и во Велика Британија постојат голем број активно развиени кампањи и иницијативи против пушење и за поддршка на откажување од тутунските производи, кои се дел од долгогодишните јавноздравствени политики за намалување на пушењето и поврзаните здравствени ризици. Македонија пак на полето на превенцијата значително потфрла. Во 2023 година, вкупниот број на советувани граѓани во сите 10 Центри за јавно здравје изнесува 43 лица.

„Во ЦЈЗ Велес, ЦЈЗ Кочани, ЦЈЗ Штип, ЦЈЗ Прилеп, ЦЈЗ Струмица, ЦЈЗ Куманово и ЦЈЗ Скопје немало никакви активности поврзани со Советувалиштата за откажување од пушење… Од добиените анкетни прашалници може да се види дека не се обезбедени посебни

простории за откажување од пушење“, покажуваат податоци од интерната анкета на Институтот за јавно здравје.

Во нивниот Извештај дополнително се наведува дека се потребни засилени кампањи и промотивни активности со кои ќе се промовира дејноста на советувалиштата, како и дека не се спроведува соодветно ниту актуелниот Закон за заштита од пушење во голем дел од државата, па предлагаат редовни контроли.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy