Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДОБРО Е, НО МОЖЕШЕ ДА БИДЕ МНОГУ ПОДОБРО – како огромниот солидарен данок и пониските цени го сведоа „Макстил“ на добивка под седум милиони евра
Економија

ДОБРО Е, НО МОЖЕШЕ ДА БИДЕ МНОГУ ПОДОБРО – како огромниот солидарен данок и пониските цени го сведоа „Макстил“ на добивка под седум милиони евра

04/03/2024

AA

Добивка од нецели седум милиони евра. Со таков финансиски резултат минатата
година ја заврши нашиот челичарски гигант „Макстил“, што е одлична бројка сама
по себе, но е големо намалување во однос на фантастичната 2022 година, која ова
акционерско друштво ја заврши со чист профит од 17,5 милиони евра.

Или, како што е објавено во Билансот на успех на компанијата за 2023
година, таа е завршена со добивка по оданочување од 6,55 милиони евра, што е
трикратно намалување, или за дури 66 проценти

А, на оваа компанија лани воопшто не и одеше лошо, колку што немаше
среќа со солидарниот данок, кој според математиките на државата ја чинеше цели
четири милиони евра. Секако, удел во намалениот финансиски резултат имаше и
намалената цена за производот на ова акционерско друштво.

Доказ дека „Макстил“ има здрав бизнис се оперативните приходи кои се
наплатени минатата година, а кои изнесувале 137,2 милиони евра. Тоа се огромни
средства, иако има намалување за 25 проценти во однос на една година претходно,
односно 2022 година.

Најголем дел од оперативните приходи се приходи од продажбата, кои тежеле
околу 135 милиони евра, при што треба да се има предвид дека опгромниот дел,
однпосно дури 120,5 милиони евра се приходи од извоз, односно од продажба во
странство. Иако, и тоа е намалување за 26 проценти во однос на истиот период
лани.

Од продажбите на домашниот пазар, пак, се слеале приходи од 14 милиони
евра.

Од „Макстил“ велат дека минатата 2023била
година на закрепнување на
глобалната челична индустрија. Побарувачката на челик повторно почнала да бележи раст во Турција, Европа, САД и
Бразил. Како главни предизвици, како
што велат, и понатаму остануваат регионалните конфликти,
инфлацијата,
како и финансиските барања за транзицијата кон нискојаглеродната економија. Бидејќи, производителите на челик ќе
имаат клучна улога во планот на Европската унија „Fit for 55“ за намалување на
емисиите на стакленички гасови за 55 отсто до
2030 година.

„Макстил,
како многу значаен регионален производител на толовалани дебели лимови
постојано ги следи глобалните текови и во континуитет врши прилагодување на
своите деловни функции и успева навремено да одговори на тековната побарувачка
на челик“, се вели во образложението
на компанијата на финансискиот резултат.

Оствареното производство на
дебели лимови во текот на 2023 во производниот погон Валавница изнесува 300.009 тони, што споредено со 303.288 тони во истиот период на 2022 претставува
незначително намалување од еден
отсто, додека
во однос на поставениот производен план за 2023 година е раст за два проценти. Оствареното производство на
челичанските слабови во извештајниот период е 296.023 тони, што споредено со 247.166тони во
2022 е зголемување од 19 отсто, додека во однос на планираното
производство е повеќе за 18 проценти. Реализацијата
на топловаланите дебели лимови во количински показатели за 2023 година изнесува
305.367тони,
што претставува зголемување од 9 отсто.

Од „Макстил“ објаснувајќи ја приходната страна велат дека приходите
од продажби им се носечка
ставка во структурата на вкупните приходи, каде  учествуваат со
дури 98 отсто. За намалените
приходи за 25 отсто велат дека главно
се должат на намалувањето на продажните цени на нивниот готов производ, како и соодносот помеѓу директната продажба
на Макстил и договорите за преработка.

На расходната страна, пак, остварени се вкупни расходи од 130 милиони евра,
што е за 23 отсто помалку во однос на истиот период лани. Во ова помогнале
намалените трошоци за струја и гас.

 На трошоци за суровини и материјали
отпаѓаат 91 милиони евра.

„Трошоците
за производство се носечка ставка и во структурата на вкупните расходи
учествуваат со 92 отсто.
Споредено со 2022 година остварените расходи од работењето се пониски за 22 отсто, што главно се должи на намалувањето на
трошоците на енергенсите пред се електричната енергија и природниот гас и
влезните материјали во текот на овој период“, се нагласува во образложението.

За плати, пак, на своите вработени, компанијата поделила 17,4 милиони евра,
што е раст за 16 проценти во однос на истиот период лани.

И, од „Макстил“ прецизно објаснуваат зошто е намален нивниот профит.

„Намалувањето
на добивката во голема мера се должи на извршената задолжителна исплата на
солидарниот данок во износ од 257 милиони денари (4,2 милиони евра), кој беше пресметан во
септември 2023 и кој не произлегува од оперативното работење на компанијата.
Дополнително, намалувањето на добивката во текот на овој пресметковен период во
однос на остварената во текот на истиот период од минатата година се должи и на
пониските продажни цени на готовиот производ во однос на цените во 2022 година“, нагласуваат од компанијата.

Нагласуваат и дека во минатата година компанијата нема извршена
исплата на дивиденди по акција, поради
пренесени загуби од претходниот период.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАКЕДОНСКИ ВОЈНИЦИ НА УКРАИНСКО ТЛО НЕМА ДА ИМА Мисајловски тврди

01/10/2026
Македонија

МИНУС НАУТРО, ПЛУС 26 ПРЕКУ ДЕН Северен ветер и сончево

01/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА И САД, СОЈУЗНИШТВО ЗАСНОВАНО НА ДОВЕРБА Мицкоски објави фотографија

01/10/2026
Македонија

ДАВАЛ ПОТКУП ЗА ЛИЦЕНЦА ИАКО „ПУЛС“ НЕ ГИ ИСПОЛНУВАЛ УСЛОВИТЕ

01/10/2026
Македонија

„ИМЕТО Е СМЕНЕТО, ЗНАМЕТО Е СМЕНЕТО, ХИМНАТА Е СМЕНЕТА…“ Мисајловски

01/10/2026
Македонија

ГАЗДА ДЕКО ПРЕД НОВ ПРИТВОР, ОТВОРЕНА НОВА ИСТРАГА Обвинителството бара

01/10/2026
Македонија

СО БУГАРИЈА НИ ТРЕБА ЕВРОПСКИ, А НЕ СРЕДНОВЕКОВЕН ДИЈАЛОГ Димитровски

01/10/2026
Македонија

ОД РИМ НАЈАВА ЗА НОВА ЕРА ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА Македонија

01/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45928
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАКЕДОНСКИ ВОЈНИЦИ НА УКРАИНСКО ТЛО НЕМА ДА ИМА Мисајловски тврди дека Македонија нема да испрати

01/10/2026

Македонија нема да испраќа свои војници во Украина, порача министерот за одбрана Владо Мисајловски, нагласувајќи дека државата никогаш не презела

МИНУС НАУТРО, ПЛУС 26 ПРЕКУ ДЕН Северен ветер и сончево време низ Македонија

01/10/2026

Метеоролозите најавуваат ведро и студено утро, по што во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена

МАКЕДОНИЈА И САД, СОЈУЗНИШТВО ЗАСНОВАНО НА ДОВЕРБА Мицкоски објави фотографија од приемот кај Трамп

01/10/2026

Премиерот Христијан Мицкоски објави фотографија од приемот кај американскиот претседател Доналд Трамп, на кој присуствувал за време на престојот во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy