Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДОБРА ВЕСТ ЗА УЧИЛИШТАТА, ГРАДИНКИТЕ И МАЛИТЕ ДУЌАНИ – ќе плаќаат поевтино парно за 35 проценти
Економија

ДОБРА ВЕСТ ЗА УЧИЛИШТАТА, ГРАДИНКИТЕ И МАЛИТЕ ДУЌАНИ – ќе плаќаат поевтино парно за 35 проценти

29/02/2024

AA

Убава вест стигна од Регулаторната комисија за енергетика за училиштата, градинките и малите дуќани. 

Регулаторната комисија за енергетика донесе вонредна одлука за цената на парното греење во Скопје за деловните корисници, со која се намалува цената за 35 отсто.

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, изјави дека цената на топлинската енергија за потрошувачите во Град Скопје е намалена поради намалените трошоци за природен гас.

„Ние ја следевме цената на берзите и имајќи предвид дека со претходната одлука одевме со повисоки цени, бидејќи такви беа фјучерсите, ова што е реализирано во јануари, февруари и март, ни даде основа да ја донесеме одлуката со цел на сите овие потрошувачи како што се училиштата, градинките и малите дуќани кои немаа никаква субвенција, да им ги намалиме трошоците за топлинска енергија. Со тоа ќе овозможиме и тренд на нови потрошувачи од сферата на деловните корисници“, рече Бислимоски.

Сметката што ќе ја добијат овие деловни субјекти за февруари ќе биде намалена за 35 отсто.

Бислимовски рече дека сега цената на домаќинствата е за 75 отсто пониска од деловните корисници, а претходно беше многу поголема разликата.

Со денешната одлука не се намалува цената на парното за домаќинствата.

„Домаќинствата добиваат субвенции за парното и затоа во овој период не им се намалува цената на парното, но ја следиме ситуацијата и може да има дополнително намалување“, рече Бислимовски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Сосетка спречила кражба: Млади момци глумеле полицајци во Штип

24/07/2026
Македонија

Стабилно време за викенд, нов дожд во понеделник – потоа

24/07/2026
Македонија

Фатен на дело измамник од Кавадарци – кај него пронајдени

24/07/2026
Македонија

Охрид доби нова шанса – Владата има пет години за

24/07/2026
Македонија

Општина Центар ќе доделува финансиска помош за штетите од невремето

24/07/2026
Македонија

Нова тревога меѓу сточарите во земјава: Уништени околу 2.700 овци

24/07/2026
Македонија

Муамед Сејдини излегува од притвор – Судот прифати гаранција од

24/07/2026
Македонија

Дожд, грмежи и посвежо време низ Македонија – УХМР со

24/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44616
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Сосетка спречила кражба: Млади момци глумеле полицајци во Штип

24/07/2026

Двајца млади штипјани се соочуваат со кривична пријава откако, според сомнежите на полицијата, се обиделе да влезат во дом на

Стабилно време за викенд, нов дожд во понеделник – потоа повторно затоплување

24/07/2026

Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 15 l/m²). Локално ќе има услови за појава

Фатен на дело измамник од Кавадарци – кај него пронајдени 2.000 евра од оштетена жена

24/07/2026

Со криминалистичка акција на полицијата во Кавадарци е фатен 32-годишен маж осомничен дека измамил жена од Куманово за 9.000 евра,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy