Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Добитник на меѓународната Толстоева награда „Јасна Полјана“ за 2023 година е Венко Андоновски, со романот Папокот на светлината
Македонија

Добитник на меѓународната Толстоева награда „Јасна Полјана“ за 2023 година е Венко Андоновски, со романот Папокот на светлината

05/10/2023

AA

Романот е објавен во руски превод на еминентната македонистка, преведувачка на над 70 книги од македонски автори и афирматор на македонската култура, Олга Панкина. Олга Панкина ја доби годинешнава награда „Јасна Полјана“ за најдобар превод на руски јазик, за романот на Андоновски.

Ова, на вчерашната церемонија на соопштување на добитникот во Бoљшој театарот во Москва, го соопшти жирито составено од еминентни руски писатели: Владимир Илич Толстој (правнук на Лав Н. Толстој), Алексеј Варламов, Евгениј Водоласкин, Владислав Отрашенко и Павел Басински.

Од 30 номинации од 16 земји и 5 континенти, жирито во категоријата „странска литература“ се реши за потесен избор од осум наслови: Палата на соништата на Исмаил Кадаре (Албанија), Внука на Бернхард Шлинк (Германија, познат по романот и филмот „Читачот“), Зимски војник на Даниел Мејсон (САД, познат по „Пијано штимер“), Пиштарки на Фернандо Арамбуру (Шпанија), Кожурец на Џанг Јуеран (Кина), Звукот на нештата што паѓаат на Хуан Габриел Васкез (Колумбија), Ветување на Дејмонд Галгут (Јужна Африка) и Папокот на светлината на македонскиот писател Венко Андоновски.

Одлуката за наградата е донесена едногласно.

Со оваа награда, името на нашиот, македонски писател се придружува кон листата на досегашните добитници: Џулијан Барнз (Велика Британија), Ју Хуа (Кина), Рут Озеки (Kанада-САД), Орхан Памук (Турција), Марио Варгас Љоса (Перу), Патриша Данкер (Велика Британија), Хернан Ривера Летелиер (Чиле) и Амос Оз (Израел).

Меѓународната Толстоева книжевна награда „Јасна Полјана“, за најдобар странски роман преведен на руски е основана во 2015 година, а ја доделуваат Музејот „Јаснаја Полјана“ и „Самсунг Електроникс“.

Книжевниот подем на Андоновски на руското книжевно подрачје започна уште во 2007 година, кога за романот Папокот на светот (повторно во превод на Панкина) ја доби наградата „Југра“ (најдобар роман од сите словенски книжевности преведен на руски јазик). Следуваа три изданија на романот „Азбука за непослушните“ (третиот е двојазичен, руско-македонски) и други признанија, меѓу кои и „Златен витез“ за драматургија, минатата година, кога Панкина преведе и објави на руски три негови драми.

Романот Папокот на светлината го првообјави издавачот „Три“ од Скопје, и за девет месеци доживеа четири македонски изданија (4000 примероци), а ја доби и наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРЕД ДА ПРОГЛАСУВАТЕ ИСТОРИСКИ ПОБЕДИ, ПОЧЕКАЈТЕ ГИ СТРУЧНИТЕ СТАВОВИ НА

10/11/2026
Македонија

ЕУ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ Е ЦЕЛОСНА БЕЗ ЗЕМЈИТЕ ОД

10/11/2026
Македонија

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЌЕ ГИ СПРЕЧИ РИЗИЦИТЕ ОД КОРУПЦИЈА ПРИ ЈАВНИТЕ

10/11/2026
Македонија

МУЦУНСКИ ЈА ОТВОРИ МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО ВИЛНУС Ново поглавје во

10/11/2026
Македонија

СОБРАНИЕТО ГО УСВОИ ВТОРИОТ РЕБЛАНС НА БУЏЕТОТ ЗА 2026 ГОДИНА

10/11/2026
Македонија

СИЉАНОВСКА ДАВКОВА ИЗРАЗИ СОЧУВСТВО НА БУГАРСКАТА КОЛЕШКА ЈОТОВА Искрено сочувство

10/11/2026
Македонија

ГО ФАТИЛЕ СО 3,23 ПРОМИЛИ, А ПО ДВА ДЕНА СО

10/11/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛОТ КРСТОВ БАРА ИВА МИХАИЛОВА ДА МУ СЕ ИЗВИНИ ЗА

10/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46704
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРЕД ДА ПРОГЛАСУВАТЕ ИСТОРИСКИ ПОБЕДИ, ПОЧЕКАЈТЕ ГИ СТРУЧНИТЕ СТАВОВИ НА ВЕНЕЦИЈАНСКАТА КОМИСИЈА Остра порака од

10/11/2026

Пред да прогласувате историски победи, почекајте ги стручните ставови на Венециската комисија, му порача ЗНАМ на коалицискиот партнер во Владата,

ЕУ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ Е ЦЕЛОСНА БЕЗ ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН Сиљановска Давкова учествува

10/11/2026

Светот се наоѓа во период на длабока трансформација, во којшто старите модели се исцрпуваат, а новите сè уште не се

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЌЕ ГИ СПРЕЧИ РИЗИЦИТЕ ОД КОРУПЦИЈА ПРИ ЈАВНИТЕ НАБАВКИ Законските измени се нужни

10/11/2026

Вештачката интелигенција и дигитализацијата ќе ги унапредат јавните набавки и ќе ги намалат ризиците од корупција, порача пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy