Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДОБИ ПРИЛИЧНО СОЛИДНИ ПАРИ, НО ПРАШАЊЕТО Е ЗОШТО ПРОДАВА – “Настел“ се сведе на 9,1 отсто акции во „Реплек“
Економија

ДОБИ ПРИЛИЧНО СОЛИДНИ ПАРИ, НО ПРАШАЊЕТО Е ЗОШТО ПРОДАВА – “Настел“ се сведе на 9,1 отсто акции во „Реплек“

19/07/2024

AA

Што се случува со компанијата „Настел“ на бизнисменот Зоран Азманов. Ако порано упорно купуваше и стекна сериозен пакет акции во „Реплек“, сега упорно продава од своето портфолио во фармацевтската компанија.

Ова акционерско друштво вчера извести за нови промени во својата сопственичка структура, а од кои најважна е таа дека „Настел“ повторно продава акции. Ако тоа се случи пред неколку дена, со што компанијата стигна до пакет од 9,36 отсто, сега се продадоа нови акции, со што портфолиото на Настел дополнително се намали, на 9,1 отсто. 

„Известуваме за следната ценовно чувствителна информација. Акционер со над 5 отсто односно компанијата Настел ДООЕЛ продаде 682 акции, со што поседува вкупно 23.588 или 9,10 отсто од вкупниот број на акции“, се вели во објавата на компанијата.

Според датумите на тргување, се претпоставува дека акциите се продадени по цена од 15.894 денари за акција, што значи дека „Настел“ за оваа количина инкасирале над 176 илјади евра. 

Оттаму известија и за една друга промена, а таа е дека еден од акционерите, Владимир Пецовски, се стекнал со 1 нова акција, со што поседува вкупно 16.401 или 6,33 отсто од вкупниот број на акции.

Пред неколку дена компанијата „Настел“ продаде мала количина акции, односно само пет акции, но треба да се има предвид дека продажбата се случила пред поделбата на акциите, кога тие имаа многу поголема вредност, бидејќи таканаречерниот сплит се изврши на сооднос 1:10, односно една акција беше поделена на 10 помали, во истиот сооднос. 

Фармацевтската компанија „Реплек“, откако оттаму излезе семејството Туџарови, има прилично интересна и разиграна сопственичка структура.

Најголем поединечен акционер е Душан Пецоски, кој и раководи со компанијата, и кој поседува 12,19 отсто од акционерскиот капитал. Неговиот брат Владимир Пецоски, пак, располага со капитал од 6,33 отсто.

Градежната компанија „Настел“ на Зоран Азманов располагаше со 9,1 отсто од капиталот, а по продажбата со 9,36 отсто од капиталот.

Самото АД „Реплек“, пак, како сопствени акции држи 8,14 отсто од акциите. 

Пензискиот фонд „Сава“ поседува 6,4 проценти од капиталот, а сличен процент од 6,37 отсто има фирмата „Ситко Антонио“.

Еден од поновите акционери, лабораторијата „Биотек“, засега се задржува на процентот кој го откупи своевремено, односно 6,3 отсто од капиталот.

Има и неколку поситни акционери во компанијата, главно домашни физички и правни лица.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БУГАРИЈА ЌЕ ДОБИЕ КОСКИ АМА НЕ ЗНАЕ ДАЛИ СЕ ОД

03/10/2026
Македонија

СТУДЕНО УТРО, А ПОТОА ВИСОКИ 27 СТЕПЕНИ Голема температурна разлика

02/10/2026
Македонија

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА НА ПОПОВА ШАПКА Нема повеќе долги чекања за

02/10/2026
Македонија

СИЉАНОВСКА ДАВКОВА СО ЈАСНА ПОРАКА ДО ФОН ДЕР ЛАЈЕН Македонија

02/10/2026
Македонија

ДРУГАРЧЕ НА ЗАЕВ ЈА ДЕЛЕШЕ ИНДИЈА, ПА СЕГА И НАС

02/10/2026
Македонија

37 ЛОКАЦИИ ПРЕТРЕСЕНИ, 21 ОСОМНИЧЕН, НАЈДЕН СЕФ СО НАД 50.000

02/10/2026
Македонија

МУЦУНСКИ ПОБАРА СРЕДБА СО БУГАРСКАТА МИНИСТЕРКА Разговорите би се одржале

02/10/2026
Македонија

КОЦЕВСКА СЕ СОМНЕВА ДЕКА ОДЛУКАТА ЗА ПРИТВОР НА ДЕКО Е

02/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45950
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БУГАРИЈА ЌЕ ДОБИЕ КОСКИ АМА НЕ ЗНАЕ ДАЛИ СЕ ОД САМОИЛ Не е направена ДНК-анализа

03/10/2026

Бугарија не направи ДНК-анализа на посмртните останки што ќе бидат донесени во Бугарија за да се потврди дали му припаѓаат

СТУДЕНО УТРО, А ПОТОА ВИСОКИ 27 СТЕПЕНИ Голема температурна разлика низ Македонија

02/10/2026

Метеоролозите најавуваат ведро и студено утро, а во текот на денот сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА НА ПОПОВА ШАПКА Нема повеќе долги чекања за влез на скијачките патеки

02/10/2026

На Попова Шапка се поставени нови порти за скенирање на билетите пред жичниците и ски-лифтовите, со што ски-центарот најавува побрз

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy