Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Добија ли акционерите на „Раде Кончар“ понуда што не се одбива? Купувач нуди 5,8 милиони евра за управна зграда!
Економија

Добија ли акционерите на „Раде Кончар“ понуда што не се одбива? Купувач нуди 5,8 милиони евра за управна зграда!

05/01/2024

AA

Инвеститор нуди големи пари да купи недвижен имот од фирма која лани завршила со загуба поголема од 660.000 евра. Според објавата на берза се продава управна зграда, а според имотниот лист таму има имот од 8.500 квадратни метри

Слатки маки за акционерите на скопската компанија „Раде Кончар апаратна техника“. Наскоро на акционерско собрание мнозинството од нив треба да се изјаснат дали одобруваат да се продаде управната зграда на нивната фирма „Раде Кончар – Заеднички дејности“ ДОО за 5,8 милиони евра!

Вкупно 629 акционери (домашни правни и физички лица) кои поседуваат 99,9 отсто од акциите на „Раде Кончар апаратна техника“ ќе одлучат дали нивната компанија ќе земе 2,3 милиони евра од продажба на недвижен имот на фирмата „Заеднички дејности ДОО“ во која АД „Раде Кончар“ е најголем сопственик и поседува 40 отсто од уделите.

Имено според официјалната информација достапна на веб страницата на Македонската берза на следниот линк https://www.seinet.com.mk/Default.aspx?lang=MK&docID=66142 „Раде Кончар заеднички дејности“ добил понуда од градежната компанија „Голден Арт“ за купување на недвижен имот – управна зграда. Понудата на „Голден Арт“ е 5,8 милиони евра.

Според јавно достапните податоци на ИЛ 58529 во КО Кисела вода 2 има запишано вкупна површина од 8.500 квадратни метри од кои под објект се 878 квадратни метри, а останатите 7.618 квадратни метри се дворно земјиште. Сите парцели на овој имотен лист се градежно земјиште во приватна сопственост.

Инаку фирмата „Раде Кончар заеднички работи“ во која најголем сопственик е АД „Раде Кончар апаратна техника“ е регистрирана за издавање на деловен простор. Фирмата постои од 1991 година и е регистрирана за дејност во врска со недвижен имот. Очигледно е дека работата не и оди добро затоа што лани завршила со загуба од 668.000 евра, а имала приходи од 650.000 евра. Ова ДОО лани вработувало шест лица.

Во информацијата достапна на берза се вели дека содружниците во „Раде Кончар заеднички работи“ (во која осум физички лица поседуваат 60 отсто од уделите и АД „Раде Кончар АТ“ има 40 отсто н.з.) ја прифатиле понудата.

Сепак за да се заврши успешно процесот неоходно е мнозинство од акционерите на „Раде Кончар Апаратна техника“ да се согласат со продажбата.

Со оглед на тоа што четворица содружници во „Заеднички работи“ се и акционери во „Раде Кончар апаратна техника“ кои поседуваат 28 отсто од акциите (н.з.) може да се очекува дека одлуката има изгледни шанси да помине на претстојното акционерерско собрание. Доколку биде така „Раде Кончар апаратна техника“ ќе добие 2,3 милиони евра од продажбата на недвижен имот управна зграда која сега му припаѓа на „Раде Кончар заеднички работи“. 

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски

30/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПРЕДНИЧИ ВО ЕВРОПСКИТЕ РЕФОРМИ Левков вели дека актуелниот парламентарен

30/09/2026
Македонија

ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА Се реконструира

30/09/2026
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ ДРЖАВАТА Се сузбива трговија со дрога,

30/09/2026
Македонија

СУДИИТЕ ЗИМБОВСКА И ГЕРАСИМОВСКИ ВО ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АПЕЛАЦИЈА

30/09/2026
Македонија

СДСМ ГИ САБОТИРА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО Милошоски ја повикува

30/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45903
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до 26 степени во Гевгелија

30/09/2026

Утринските часови ќе бидат ведри и постудени, а во текот на денот времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до 26 степени во Гевгелија

30/09/2026

Утринските часови ќе бидат ведри и постудени, а во текот на денот времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски во Брисел за големите инфраструктурни

30/09/2026

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, е во дводневна работна посета на Брисел, каде што учествува на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy