Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДОБАР МЕНАЏЕР ДОБИВА И ДИВИДЕНДА И ДОБРА НАГРАДА – „Тетекс“ ги објави намерите, еве колку може да наплати Бобан Гоговски
Економија

ДОБАР МЕНАЏЕР ДОБИВА И ДИВИДЕНДА И ДОБРА НАГРАДА – „Тетекс“ ги објави намерите, еве колку може да наплати Бобан Гоговски

15/03/2024

AA

Кога компанијата е успешна, добивките носат и солидни дивиденди за акционерите, но и награди за главните менаџери. Таков е примерот на тетовскиот комбинат. 

Половина за
дивиденда, а половина ќе остане за идниот период како нераспоредена добивка. А,
пет проценти од профитот или 73 илјади евра ќе завршат на контото на генералниот директор Бобан
Гоговски.

Вака накусо би
можела да се парафразира одлуката која на 19 април ќе ја гласаат акционерите
на Собранието кое најавува дека ќе го одржи тетовскиот комбинат „Тетекс“.

Акционерите треба
да донесат неколку одлуки, а меѓу нив значајно внимание секако дека
предизвикува онаа за тоа колкав дел од добивката ќе оди за дивиденда на
акционерите.

Како што
наведуваат и од Тетекс, нивниот чист профит за минатата година изнесувал 1,53
милиони евра.

Од овие пари,
многуи помал дел ќе оди за законски резерви на друштвото, и тоа сума од околу
77 илјади евра. Остатокот од овие средства, пак, ќе се подели на приближно
еднакви суми.

Односно, 730
илјади евра ќе се исплати во вид на дивиденда на акционерите, додека, пак, 727 илјади евра ќе останат како
износ на нераспоредена добивка.

А, интересно е дека една од одлуките за кои ќе гласаат
акционерите, е таа да му се одобри 5 отсто од профитот на генералниот директор.

„Се одобрува исплата на 
Генералниот директор  на
Друштвото, износ  кој изнесува 5 отсто од
остварена добивка на Друштвото по одданочувањето и  по издвојување на делот  за законски резерви, кој што се
исплатува  по член  6 од 
Договор за уредување на односите меѓу Друштвото и Генерален директор и
одредбите на Законот за трговски друштва“, се вели во предлог одлуката.

Ова значи дека
Бобан Гоговски кој се наоѓа на челната позиција на комбинатот, ќе добие 5
проценти од 1,457 милиони евра, што е рамно на 72,8 илјади евра или близу 73 илјади
евра.

А, со оглед на
тоа што Гоговски е и еден од акционерите во Тетекс кои имаат над 5 отсто од
капиталот, или прецизно, според последната состојба во Централниот депозитар поседува
6,67 отсто од акциите, тој за овие акции ќе добие и дивиденда, отприлика на
бруто сума од 48,7 илјади евра.

Или, вкупно
првиот човек на Тетекс, како резултат на успешното работење на компанијата во
минатата година, би инкасирал на своето конто сума од нецели 122 илјади евра.

Покрај Бобан
Гоговски, солидни суми од дивиденда ќе земат и останатите поголеми акционери и
тоа Иванка Гоговска, која има 6,92 отсто од капиталот, како и Лоди Гоговска,
која поседува 6,89 проценти од капиталот.

Покрај нив,
компанијата има уште 1.027 акционери домашни физички лица, кои поседуваат 69
проценти од капиталот на компанијата. Во компанијата
има и минорен процент на странски акционери.

Ќе се гласа и за одлука за исплата
на дивиденда и утврдување на дивиденден календар.

Висината на дивидендата бруто по
акција ќе изнесува  3,554 отсто од
номиналната вредност, односно 110 денари бруто по акција.

Последен ден на тргување со право на
дивиденда е 7 мај, а прв ден на тргување без право на дивиденда е 8 мај оваа
година. Дата на стекнување на право на дивиденда е 9 мај 2024 година.

Инаку, во текот на минатата година приоритетна приходна дејност
на тетовскиот комбинат била издавање
и управување со сопствен недвижен имот или недвижен имот земен под закуп.

На крајот на
минатата година таму се вработени
33 работници, на неопределно работно време. Вотекотна 2023 година, како што напишале во годишниот
ивештај, бил направен позитивен исчекор во подмкладување на тимот.

Всушност, менаџментот во извештајот информира дека зголемување лани забелержале сите приходни ставки.

Добри пари компанијата наплатила од продажба на залихите на Текстил кои и
преостанаа по затворањето на текстилниот погон.

„Остварената добивка
е зголемена и постигната е значителна реализација од продажба на постојните
залихи на производи кои долг период ја оптеретуваа билансната состојба на
Друштвото. Со таквата продажба се постигна двоен ефект, имено добиени се
ликвидни средства, но и зголемени се приходите за износите за кои тие производи
претходно биле резервирани“, се вели во извештајот.

Се додава и дека во
текот на 2023 година друштвото
купи и недвижен имот и тоа деловни објекти во Скопје во вредност од  564 илјади евра.

  Високото ниво на ликвидност на
Друштвото иовозможува отварање на нов инвестициски циклус, велат од
компанијата.

Н.Н.Ф.    

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
Македонија

Повеќе лица повикани во полиција по ширењето информации за наводна

12/08/2026
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
Македонија

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет –

12/08/2026
Македонија

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44989
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од земја и воздух

12/08/2026

Пожарот кој изби во општината Студеничани, во близина на местото Рамни Габер, продолжува да гори и во текот на ноќта.

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија апел за итно отворање центар

12/08/2026

По долга и исцрпувачка борба на ветеринарниот тим и активистите, познатиот срнак Мартин денеска подлегна на тешките повреди. Неговата состојба

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот на ноќта

12/08/2026

Пожарот кој се прошири од село Моране зафати дел од подрачјето на село Габер, каде што во текот на денот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy