
Доаѓа викенд, какво ќе биде времето? Детална временска прогноза за следните 5 дена
Во Македонија во сабота во утринските и претпладневните часови ќе преовладува претежно сончево време со локална облачност, попладне и навечер продор на влажна и посвежа нестабилна воздушна маса која што ќе услови умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и грмотевици, локално со услови за појава на невреме и ветровито време. Утрионските температури од 13 до 23 степени, додека пак максималните дневни од 28 до 38 степени.
Во недела и понеделник по свежото утро со утрински температури кои што ќе се движат во интервал од 10 до 20 односно од 8 до 18 степени, во текот на денот ќе преовладува сончево и топло време со пад на дневните температури кои што ќе достигнат од 23 до 33 односно од 24 до 34 степени.
Во Македонија во вторник ќе преовладува претежно сончево време со локална облачност, ветровито и свежо време. Минималните температури од 10 до 20 степени, додека пак максималните дневни ќе се движат во интервал од 20 до 30 степени.
