
Доаѓа астрономско лето
На 21 јуни започнува астрономското лето – во 16:57 часот, кога е летната краткоденица.
Сонцето се наоѓа во најисточниот дел на соѕвездието Бик, во близина на нејзината граница со соѕвездијата Близнаци и Орион.
Тоа е најдолгиот ден во годината – трае 15 часа и 19 минути.
По 21 јуни, должината на деновите почнува да се намалува, првично едвај забележлива – за неколку секунди.
Денот и ноќта ќе бидат изедначени на 23 септември, кога годинава ќе пристигне есента.