
ДО СВЕТИ НАУМ ПОЛЕСНО И ПОБЕЗБЕДНО: Николоски најави дека реконструкцијата ќе заврши до стартот на туристичката сезона
Реконструкцијата на патниот правец од Охрид до Свети Наум продолжува и е предвидено да биде завршен до почетокот на туристичката сезона, најави министерот за транспорт и врски Александар Николоски.
„Коловозот се реконструира и се предвидени одредени проширувања на коловозните ленти со што ќе се зголеми безбедноста и ќе се олесни движењето за време на туристичката сезона.
Продолжуваме со реконструкција на магистралните патиштата преку инвестиции на Јавното претпријатие за државни патишта.
Ја градиме Македонија“, напиша тој на социјалните мрежи.