
До 17 часот гласале 39,28% од избирачите
Државната изборна комисија попладнево на прес-конференција соопшти дека излезеноста на гласачите до 17 часот изнесува 39,28%.
Вкупниот број на избирачи кои гласале се 279.241 гласач.
Од Комисијата информираа дека гласањето се одвива мирно и без поголеми неправилности, а избирачките места ќе бидат отворени до 19:00 часот.

