Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Дневен хороскоп: Овенот да внимава со трошењето, девицата да избегнува конфликти
Магазин

Дневен хороскоп: Овенот да внимава со трошењето, девицата да избегнува конфликти

02/01/2025

AA


Овен

Денот е идеален за решавање на финансиски прашања. Бидете внимателни со трошењето и избегнувајте импулсни купувања. Фокусирајте се на приоритетите.

Бик

Чувствувате потреба за стабилност, но денес некој би можел да ве исфрли од рамнотежа. Бидете трпеливи и не дозволувајте туѓите зборови да влијаат на вас.

Близнаци

Добри сте во комуникацијата, но внимавајте на ветувањата што ги давате. Пријателите и колегите може да побараат ваша помош – бидете селективни. Здравјето е одлично.

Рак

Фокусирајте се на вашата работа и планови за иднината. Не заборавајте за вашето семејство – тие можат да ви ја пружат поддршката и љубовта што ви требаат. Љубовните емоции можат да бидат многу комплицирани поради вашата љубомора.

Лав

Вашата енергија денес ги привлекува луѓето. Користете го ова за да ја унапредите кариерата или да постигнете лична цел. Внимавајте да не станете премногу доминантни. Здравствената состојба е стабилна.

Девица

Денот е поволен за интроспекција и анализа. Размислете за вашата насока во животот и направете планови за иднината. Избегнувајте конфликти, особено кога се во прашање помладите членови на семејството.

Вага

Врската со партнер или близок пријател доаѓа во фокус. Отворените разговори можат да донесат подобрување. На деловен план ќе бидете презадоволни од соработката со странство. Грижете се за вашето здравје.

Шкорпија

Вашата интуиција е силна денес. Слушајте го вашиот внатрешен глас, особено кога станува збор за деловни одлуки. Ќе бидете емотивно постабилни од вообичаено. Здравјето е постабилно од порано.

Стрелец

Денес се чувствувате авантуристички и подготвени за нови предизвици. Сепак, размислете пред да донесете важни одлуки. Не брзајте. Многу сте стабилни на деловен план поради влијанието на другите.

Јарец

Посветете се на домашните обврски и решавањето на семејните прашања. Мирот дома денес ви носи внатрешен мир. Љубовта е многу предизвикувачка поради љубомората на вашиот партнер.

Водолија

Друштвени сте и ги привлекувате луѓето со својата оригиналност. Искористете го овој ден за градење контакти и дружење со пријателите. Пазете се од негативни коментари.

Риба

Емоциите ви се засилени денес. Посветете се на работи кои ве опуштаат. Креативноста може да ви помогне да го изразите она што го чувствувате. Опуштете се во текот на вечерта.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Влошена здравствената состојба на Стевчо Јакимовски, итно пренесен во болница

27/08/2026
Македонија

Пожар кај селото Копаница: Пожарникарите и ловците се борат со

27/08/2026
Македонија

„Сејф Сити“ почна да ги казнува и мотоциклистите: Системот автоматски

27/08/2026
Македонија

Струмичанец на плоштад ја истепал поранешната сопруга

27/08/2026
Македонија

Ова е конечната ранг-листа на примени ученици во Средното полициско

27/08/2026
Македонија

Скопјанец си ја пријавил мајка си во полиција: Им се

27/08/2026
Македонија

Првачињата во Зрновци ќе добијат по 5 илјади денари

27/08/2026
Македонија

Падна потпис за гасно поврзување со Србија – Македонија отвора

27/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45298
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Влошена здравствената состојба на Стевчо Јакимовски, итно пренесен во болница

27/08/2026

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, итно е пренесен во болница, пишува 24инфо. Според нивните

Пожар кај селото Копаница: Пожарникарите и ловците се борат со огнот на тешко пристапен терен

27/08/2026

Голем пожар попладнево го зафати атарот на селото Копаница, каде што гори претежно сува трева, трње, грмушки и ниска вегетација.

„Сејф Сити“ почна да ги казнува и мотоциклистите: Системот автоматски регистрира сообраќајни прекршоци

27/08/2026

Системот „Сејф Сити“ од вчера започна автоматски да ги детектира прекршоците што ги прават мотоциклистите, информираше министерот за внатрешни работи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy