Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Дневен хороскоп: Неколку знаци ги очекува тежок и напорен ден
Магазин

Дневен хороскоп: Неколку знаци ги очекува тежок и напорен ден

11/04/2024

AA


ОВЕН

Пред вас е тежок ден, но сепак успехот е насекаде ќе насекаде околу вас. Ненадејните промени во вашето расположение и самодоверба ве принудуваат да ги промените плановите за овој ден за да се справите со вашите обврски. Ќе си создадете пречки ако одлучите да ризикувате. Верувајте ѝ на вашата интуиција.

БИК

Сфатете дека е во ваша полза е да работите одговорно. Денеска сте премногу емотивни и го губите чувството за реалност. Деловните состаноци и комуникацијата се тешки. Избегнувајте средби со потенцијални деловни партнери. Исто така, одложете ги разговорите со непознати лица, доколку не сте убедени во вашата исправност или ако не можете да им одбиете финансиска помош.

БЛИЗНАЦИ

Не преземајте нови задачи денеска наутро. Обидете се да чекате трпеливо и повторно да ги надминете во најситните детали попладне. Ќе се спасите од проблеми и грешки поради превид. Расејаноста ви наштетува. Причината за нервната напнатост е вашата неподготвеност да ги видите сопствените грешки.

РАК

Бидете трезвени и разумни, но и самоуверени и зборливи доколку треба да придобиете нови деловни партнери. Проценете ги вашите опции реално. Не се обидувајте да мудрувате и да се надиминувате себеси. Со коректност и великодушност ќе постигнете успех. Деловните состаноци нема да ви донесат успех.

ЛАВ

Појавата на сериозни пречки ќе ви ги расипе плановите, особено ако сте се впуштиле во ризични потфати. Тешкотиите ќе ве заштитат од грешки. Активноста на работното место ќе ви донесе добри резултати и финансиски приходи. Не предизвикувајте несакани пресврти.

ДЕВИЦА

Потпрете се на себеси и на здравиот разум за да избегнете тешкотии. Не брзајте. Преземете нов почеток во попладневните часови. Бидете особено внимателни на работното место. Спроведете ги однапред договорени договори и размислете за вашите идни планови. Проценете колку се доверливи вашите нови партнери, доколку сакате да постигнете успех.

ВАГА

Денеска изолирајте се и препуштете се на обврските на работното место. Во ваша полза е да се заштитите себеси и својата позиција со сите разумни средства. Целосно сте во моќта на емоциите. Подготвени сте да го тргнете гневот кон секој што ќе ви се најде на патот, но ако го направите тоа ќе си создадете непријатели.

ШКОРПИЈА

Ви претстои напорен ден, најмногу поради односите со најблиските, но за жал и на работа со колегите. Промената на вашето расположение и однесување е повод за вашите конкуренти да ви наштетат. Не донесувајте важни одлуки. Вашите постапки денеска може да се свртат против вас.

СТРЕЛЕЦ

Наивни сте и затоа имате тенденција да се впуштата во секоја примамлива понуда што ви изгледа профитабилна, но не сфаќате дека е на ваша штета и има тенденција да ве искористат. На ваше изненадување, ризикувате да не успеете и да претрпите загуби. Ви претстои опасност да го изгубите целиот ден размислувајќи што да правите.

ЈАРЕЦ

Стабилизирајте го она што сте го постигнале на вашето работно место, а исто така и односите со вашите колеги. Не дозволувајте да ви го одвлечат вниманието од важните задачи што ви се доделени да ги извршувате. Не се расправајте со колегите. Патувањата се успешни. Имате прекрасна можност да започнете со вашите нови проекти.

ВОДОЛИЈА

Можни проблеми во вашиот дом кои брзо ќе ги решите. Потпрете се на себеси а не на вашата среќа, за да одговорите на предизвиците на вашето работно место. Мора да работите напорно за да го одржите вашиот авторитет. Наполнете се со нови сили и презентирајте им ветувачки идеи на вашите колеги.

РИБИ

Повторно ќе настане хаос во вашите лични односи, поради вашите обиди да доминирате и да се опседнувате со саканите. Ќе ве налутат поради барањата за кои немате време. Не сметајте на брзо примирје. На работното место, движете се по вашите рутински обврски и не сметајте на промени. Можна е заработка.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕМА ПОВРЕДЕНИ ВО ВОЗИЛОТО ШТО ИЗЛЕТА НА ПАТОТ СТРАЖА –

28/11/2026
Македонија

В НЕДЕЛА СНЕГ, ПОТОА ЌЕ СТЕГНЕ СТУДОТ Утрински температури од

28/11/2026
Македонија

ВОЗИЛО ИЗЛЕТА КАЈ ПАТОТ СТРАЖА-ГОСТИВАР Во тек е спасувачка акција

28/11/2026
Македонија

СКОПЈЕ ЌЕ ЈА ПРЕЧЕКА НОВАТА ГОДИНА БЕЗ ОГНОМЕТ НА ПЛОШТАДОТ

28/11/2026
Македонија

СЕ ЧИСТИ СНЕГОТ НА ПРЕВОИТЕ, ДЕЖУРНИТЕ НА ТЕРЕН Сите патни

28/11/2026
Македонија

БРУТАЛНОТО ПРЕТЕПУВАЊЕ ВО ГОСТИВАРСКО СЕ ИСТРАЖУВА КАКО УБИСТВО ВО ОБИД

28/11/2026
Македонија

СЕ ОТВОРААТ 1.200 РАБОТНИ МЕСТА СО ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ ПРИЛЕП

28/11/2026
Македонија

ЈА ТЕПАЛЕ И ПАРТНЕРОТ И НЕГОВИТЕ РОДИТЕЛИ Девојка на 19

28/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46983
  • Регион 4000
  • Свет 23
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕМА ПОВРЕДЕНИ ВО ВОЗИЛОТО ШТО ИЗЛЕТА НА ПАТОТ СТРАЖА – ГОСТИВАР Автомобилот се движел со

28/11/2026

Нема повредени во возилото што вечерва излета на патниот правец од превојот Стража кон Гостивар, неофицијално дознава Плусинфо. Според првичните

В НЕДЕЛА СНЕГ, ПОТОА ЌЕ СТЕГНЕ СТУДОТ Утрински температури од -18 во среда

28/11/2026

Облачно време со повремени локални врнежи, претежно од снег, нè очекува утре, недела, 29 ноември. Во пониските места долж Повардарието

ВОЗИЛО ИЗЛЕТА КАЈ ПАТОТ СТРАЖА-ГОСТИВАР Во тек е спасувачка акција

28/11/2026

Возило се преврте на планински превој, во тек е акција за извлекување на повредените. Очевидци јавуваат дека сообраќајна незгода се

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy