Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Дневен хороскоп: Неколку знаци ги очекува разочарување
Магазин

Дневен хороскоп: Неколку знаци ги очекува разочарување

25/05/2024

AA


ОВЕН

Денот е поволен за нов професионален почеток, иако комуникацијата е тешка. Одложете ги планираните разговори кои ќе ви донесат разочарувања. Дозволете си да испраите барање до странски компании за идна деловна соработка.

БИК

Од утрото подгответе се за неочекувани промени, коишто без разлика дали се добри или лоши ви носат полза. Плаќањето што со нетрпение го очекувавте ќе биде одложено. Бидете благодарни за помошта што ја добивате од вашите колеги. Денот е добар за разговор со претпоставените и државни организации доколку ви е потребна нивна помош или интервенција.

БЛИЗНАЦИ

Не очекувајте ги денеска парите што се надевавте да ги добиете пред неколку дена. Ако се занимавате со трговија, гарантирате профит. Заштедете го она што сте го заработиле, бидејќи наскоро ќе ви треба. Комуникацијата на овој ден ви носи и успех. Добро ви оди на работното место, доколку не го трошите времето во бескорисни разговори.

РАК

Имате можност да им докажете на колегите дека сте незаменливи во надминувањето на тешкотиите на работното место. Лесно комуницирате и со вашите непријатели. Контролирајте ги емоциите за да се поштедите од неволјата предизвикана од вашиот остар јазик. Успехот ќе ве следи доколку сте трпеливи и тактични и не иронизирате во врска со луѓето кои ве опкружуваат.

ЛАВ

Направете успешен нов почеток на вашето работно место. Имате можност да ги завршите старите задачи чии рокови одамна сте ги пропуштиле и да ја вратите довербата од претпоставените. Не се расправајте со колегите. Зафатете се со вашите нови работни обврски и премолчувајте ако се обидат да ве налутат.

ДЕВИЦА

Одржете ги планираните состаноци и деловни разговори, без разлика дали ви се допаѓаат луѓето што ги очекувате. До пладне, подгответе се да ги разјасните проблематичните деловни односи. Успехот е со вас. Не го трошете залудно. Доброто расположение ви ја зајакнува желбата за активна и профитабилна работа. Бидете вредни на работнот место и не ги занемарувајте обврските.

ВАГА

Имате тенденција да ги драматизирате разговорите поврзани со вашите неуспеси. Подобро прифтете ги како уште една научена лекција. Тие ви дадоа искуство и се отскочна даска за нови височини. Тешкотиите на вашето работно место не се поврзани со вашите постапки. Не се лутете поради туѓите грешки и не им подавајте рака на колегите кои нема да го ценат вашиот гест. Избегнувајте критизерски забелешки.

ШКОРПИЈА

Ви претстои поволен ден, кој ви овозможува да размислите, а доколку веќе сте го направиле тоа, успешно да започнете нови активности. Ќе комуницирате со многу луѓе. Не ви советуваме да ги разјаснувате деловните односи. На вашето работно место можете да се справите со обврските само ако сте упорни и работите со трпение.

СТРЕЛЕЦ

Не патувајте. Не ризикувајте и не преоптоварувајте се со физичка работа. Можни се проблеми поради вашето одбивање да се занимавате со нерешените имотни прашања. Среќата не е со вас денеска. Запомнете дека имате тенденција да им верувате на нечесни луѓе, на коишто нетпретпазливо им дозволувате да ви се доближат.

ЈАРЕЦ

Одложете го патувањето, доколку тоа ви пречи на директните работни обврски. Не ризикувајте поради понудите на вашите познаници, кои ви ветуваат чуда без напор, а кои никако не можат да се остварат. Со агресивност и тврдоглавост не можете да се наметнете и да постигнете добри резултати на вашето работно место. Бидете трпеливи.

ВОДОЛИЈА

Денот ви е исполнет со промени. Запознајте се со вашите деловни партнери и разговарајте за вашите нови идеи, чија реализација ја предвидувате за крајот на месецот. Почнете да размислувате за нивно спроведување, но без да инвестирате големи средства. Не го наметнувајте своето мислење со агресивност. Смирениот тон ќе остави посилен впечаток.

РИБИ

Успехот ќе ве следи денеска, најмногу на работното место. Вашите задачи бараат трпение, но со задоволство ги реазлизирате бидејќи знаете каков приход ви гарантираат. Очекувајте и дополнителни приходи на вашата банкарска сметка. Сите се импресионирани од вашата трудољубивост. Очекувајте вести за покачување, кои ќе ве изненадат во вистински момент.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Македонците трошат сè повеќе онлајн во странство: 427 милиони евра

23/04/2026
Македонија

Сончев викенд, па промена: Од вторник нестабилно време со дожд

23/04/2026
Македонија

КСЗД со препорака: Поголема заштита за бремените работнички на работа

23/04/2026
Македонија

БУГАРСКАТА ЗАБРАНА ЗА МЕНКИНОВСКИ ПРЕД СОВЕТОТ НА ЕВРОПА? Комесарот за

23/04/2026
Македонија

Приведен стружанец – пронајдена дрога

23/04/2026
Македонија

„Повардарие“ онлајн – Нови дигитални алатки за економски раст и

23/04/2026
Македонија

Второ место за Реплек на HR Days во Ровињ: „РЕсет“

23/04/2026
Македонија

Какво ќе биде времето за продолжениот викенд на 1-ви мај?

23/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42794
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Македонците трошат сè повеќе онлајн во странство: 427 милиони евра за една година

23/04/2026

Значителен раст на онлајн купувањата во странство бележат македонските граѓани во текот на изминатата година, при што најголем дел од

Сончев викенд, па промена: Од вторник нестабилно време со дожд

23/04/2026

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во јужните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, повремено

КСЗД со препорака: Поголема заштита за бремените работнички на работа

23/04/2026

Во услови на зголемен број пријави и утврдени случаи на нееднаков третман, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација упати општа препорака

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy