Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КСЗД со препорака: Поголема заштита за бремените работнички на работа
Македонија

КСЗД со препорака: Поголема заштита за бремените работнички на работа

23/04/2026

AA

Во услови на зголемен број пријави и утврдени случаи на нееднаков третман, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација упати општа препорака до работодавачите во јавниот и приватниот сектор за доследна примена на законската заштита на работничките за време на бременост, раѓање и мајчинство.

Од Комисијата посочуваат дека работодавачите треба да се воздржат од практики кои доведуваат до нееднаков или понеповолен третман на жените во остварувањето на правата од работен однос во овој период од животот.

Препораката произлегува од повеќе случаи во кои е утврдено постоење директна интерсекциска дискриминација врз основа на пол и род, поврзана со бременост, раѓање и мајчинство во областа на работата.

Во документот се нагласува дека жените, особено оние со договори за работа на определено време, често се наоѓаат во понеповолна положба во однос на останатите работници.

Според Комисијата, проблемот делумно произлегува од постојната правна рамка за договорите на определено време, која не предвидува доволно ограничувања за нивната примена, поради што тие во пракса се користат како вообичаена форма на вработување.

Дополнително се наведува дека работодавачите често не продолжуваат соработката со работнички кои остануваат бремени, дури и во случаи кога постоела претходна пракса на продолжување на договорите или кога работната потреба не престанала.

Таквото постапување, како што наведува Комисијата, претставува дискриминација врз основа на пол и род, во врска со бременост, раѓање и мајчинство.

Во препораката се укажува и дека постојните механизми за заштита не секогаш ја препознаваат оваа форма на дискриминација во пракса, што дополнително ја отежнува правната заштита на погодените работнички.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
Македонија

Повеќе лица повикани во полиција по ширењето информации за наводна

12/08/2026
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
Македонија

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет –

12/08/2026
Македонија

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44989
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од земја и воздух

12/08/2026

Пожарот кој изби во општината Студеничани, во близина на местото Рамни Габер, продолжува да гори и во текот на ноќта.

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија апел за итно отворање центар

12/08/2026

По долга и исцрпувачка борба на ветеринарниот тим и активистите, познатиот срнак Мартин денеска подлегна на тешките повреди. Неговата состојба

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот на ноќта

12/08/2026

Пожарот кој се прошири од село Моране зафати дел од подрачјето на село Габер, каде што во текот на денот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy