Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДКСК со нова иницијатива: Бараат кривично гонење на градоначалникот Висар Ганиу
Македонија

ДКСК со нова иницијатива: Бараат кривично гонење на градоначалникот Висар Ганиу

03/02/2023

AA

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска донесе одлука за покренување иницијатива до надлежното Основно јавно обвинителство за поведување кривична постапка против градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу и овластен градежен инспектор поради основано сомнение за „злоупотреба на службена положба и должност“.

Антикорупционерите сметаат дека постои основано сомневање дека со непостапување на градоначалникот на општина Чаир и овластениот градежен испектор за изградба на објект на улица „Војдан Чернодрински“ во општината овозможиле прибавување корист за друго лице со незаконско градење.

Членот на ДКСК, Владимир Георгиев, појасни дека самото не постапување и не одговарање на дописите на Државниот градежен инспекторат и ДКСК, создале сомнеж дека се знаело за објектот, меѓутоа не се постапувало.

– – Барањето од група граѓани, кои што се обратиле до Државниот инспекторат за градежништво е крајот на 2018 година. Ние, одговорот со сите ургенции го добивме три години подоцна, изјави Георгиев.

Предметот е доставен од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, по пријава до нив од граѓани против непознат инвеститор за сторено дело – бесправно градење на објект.

Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам ја доставил претставката до овластениот градежен инспектор во општината Чаир, а од градоначалникот е побарано да ги преземе сите со закон предвидени дејствија.

– – Бидејќи не бил добиен одговор од општината, Државниот инспекторат поднел ургенција, на која што повторно не добил одговор. Поради наведеното Државниот инспекторат се обраќа до ДКСК и изразува сомневање дека општината не поседува документи и станува збор за дивоградба, поради што се бара од ДКСК итно да се побара одговорност од вклучените лица, појасни Георгиев.

ДКСК, се обратиле до Општина Чаир, но не добиле одговор, иако упатиле и ургенција. По третата ургенција до ДКСК пристигнал одговор, при што по увид во списите е констатирано дека за објектот имало барање за утврдување статус на бесправно изграден објект и констатирано било дека објектот ги исполнува условите за легализација.

– – Имаме не постапување по барања на Државен градежен инспекторат. Исто така, и на нашите две претходни барања и ургенции не беше доставен одговор. Сето ова упатува на сомневање за неизвршување на својата службена должност на градоначалникот и овластениот градежен инспектор во општината, изјави Георгиев.

ДКСК, посочува дека доколку било постапено по барањата на Државниот градежен инспекторат и Антиркорупција во периодот од крајот на 2018 година до крајот на 2021 година би можело да биде спречено и да бидат применети одредбите за уривање на градбата и други мерки предвидени во законот, а кои што се во надлежност на општината.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДВЕ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ПЕЦЕ МАТЕВСКИ, ПОРАНЕШЕН ДИРЕКТОР НА РЕК

12/11/2026
Македонија

ДЕЛ ОД ВАКЦИНИТЕ ПРОТИВ ГРИП МОЖЕ ДА БИДАТ ДОСТАПНИ И

12/11/2026
Македонија

ОДЕЊЕТО НА ЗАБАР НЕМА ДА БИДЕ ТРАУМА ЗА ЛИЦАТА СО

12/11/2026
Македонија

ПЕТ МАЛОЛЕТНИЦИ ЌЕ ДОБИЈАТ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА НАПАДОТ ВО ВЛАЕ

12/11/2026
Македонија

ЗА НИВНО ДОБРО Е СТУДЕНТИТЕ СОВЕСНО ДА ГИ КОРИСТАТ ОБЈЕКТИТЕ

12/11/2026
Македонија

СДСМ ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ТРАЈКО СЛАВЕСКИ Бара да му

12/11/2026
Македонија

УХМР ПРЕДУПРЕДУВА НА СИЛЕН ЈУЖЕН ВЕТЕР На места ќе дува

12/11/2026
Македонија

ЕТАПНО ЌЕ СЕ ПОКАЧАТ ПЛАТИТЕ НА ОБВИНИТЕЛИТЕ ДО 40% Јавниот

12/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46746
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДВЕ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ПЕЦЕ МАТЕВСКИ, ПОРАНЕШЕН ДИРЕКТОР НА РЕК БИТОЛА Го оштетил комбинатот за

12/11/2026

Две години казна затвор за Пеце Матевски, поранешен директор на РЕК „Битола“ пресуди денеска битолскиот суд за незаконитости во тендерот

ДЕЛ ОД ВАКЦИНИТЕ ПРОТИВ ГРИП МОЖЕ ДА БИДАТ ДОСТАПНИ И ЗА НЕРИЗИЧНИТЕ ГРУПИ, НО ПРИВАТНО

12/11/2026

Минатата недела 26.000 вакцини против грип се пристигнати во Словенија, а очекуваме утре, најдоцна в понеделник, да бидат во употреба

ОДЕЊЕТО НА ЗАБАР НЕМА ДА БИДЕ ТРАУМА ЗА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ Реновирана ординацијата за општа

12/11/2026

Во Универзитетскиот стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“ во Скопје во 2025 и 2026 година се вложени над 40 милиони денари

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy