
Директорот на „Паркови и заленило“ си поднесе оставка – „здравјето е поважно од секоја функција“
Директорот на ЈП Паркови и зеленило Зухејр Реџепи поднесе оставка.
Одлуката за која инфомираше на социјалните мрежи вели дека е поради здравствени предизвици со кои се соочува.
„Поради здравствени предизвици денес си поднесов оставка од функцијата директор на ЈП Паркови и Зеленило. И благодарам на градоначалничката Арсовска за укажаната доверба и можност, но здравјето е поважна од секоја функција. На новото раководство му посакувам успешна и плодна работа“, напиша тој