Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Температурни рекорди за април во Шпанија и Португалија
Македонија

Температурни рекорди за април во Шпанија и Португалија

30/04/2023

AA

Континентална Шпанија и Португалија регистрираа температурни рекорди за април годинава – во Кордоба на југ се измерени 38,8 степени Целзиусови, а во португалска Мора 36,9, објавија денеска метеоролошките служби на двете држави.

Температурниот рекорд во Шпанија е измерен вчера на метеоролошката станица на аеродромот во Кордоба, објави на Твитер шпанската метеоролошка агенција Аемет.

Претходниот рекорд датира од 2011 година, кога во Елче на истокот на земјата беше 38,6 степени Целзиусови.

Сепак, тоа не е апсолутен рекорд во цела Шпанија за април, бидејќи историскиот максимум е измерен во 2013 година на Канарските Острови, кои се наоѓаат покрај брегот на северозападна Африка – 40,2 степени.

Оваа недела Шпанија и Португалија беа погодени од топлотен бран поради масата топол и сув воздух од Северна Африка. Температурите треба да почнат да опаѓаат од викендот.

Во Португалија вчера беше 36,9 во градот Мора, во центарот на земјата, објави денеска националниот метеоролошки институт.

Уште пет места во централниот дел на земјата и на југот го надминаа претходниот рекорд од 36 степени што беше регистриран на 20 април 1945 година во Пињао на североистокот, изјави Рикардо Деус, климатолог од Португалскиот институт за море и атмосфера.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

1621 сообраќаен прекршок за три дена, 43 лица приведени

27/08/2026
Македонија

Се мие и дезинфицира просторот околу контејнерите низ Скопје

27/08/2026
Македонија

Над 90 илјади невработени во Македонија, над 100 илјади пак

26/08/2026
Македонија

Николоски: Скопје – Блаце се гради на исклучително тежок терен,

26/08/2026
Македонија

19 пожари низ Македонија, се уште активни се 5

26/08/2026
Македонија

Нови правила на скопскиот аеродром: Пред терминалот ќе можете да

26/08/2026
Македонија

Западнонилска треска: Со еден клик проверете каде е најризично во

26/08/2026
Македонија

Пронајдено тело на 83-годишен скопјанец во реката Вардар

26/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45278
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy