Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Директорот на „Државни патишта“: Мора да ангажираме приватни компании, зошто „Македонија пат“ не ги дава потребните услуги
Економија

Директорот на „Државни патишта“: Мора да ангажираме приватни компании, зошто „Македонија пат“ не ги дава потребните услуги

05/05/2023

AA

Ејуп Рустеми, директорот на Јавното претпријатие „Државни патишта“ во синоќешната емиисја на Клан Македонија рече дека поранешен „Македонија пат“ не си ја врши работата како што треба, па затоа бил принуден да ангажира приватни компании за одржување на главните сообраќајници.

Во последно време „Државни патишта“ склучи неколку тендери за одрѓување на автопатите и магистралните патишта, а највпечатливиот од нив е договорот со непознатата фирма од кичевско – Мирсад комерц, ангажирана за косењето трева околу државните автопати за 2,4 милиони евра. Рустеми рече дека приватните компании кои се ангажирани да ја вршат работата наместо тоа да го прави Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, ќе започнат со работа од денес и резултатите ќе бидат веднаш видливи.

Според првиот човек на ЈПДП, одржувањето на автопатите не е на вистинско ниво и тоа влијае на безбедноста во сообраќајот.Според него, на граѓаните им требаат подобри услуги и побезбедни и уредени патишта бидејќи самите ги плаќаат трошоците преку патарините. За таа цел, според Рустем, претпријатието што го предводи ангажирало и други приватни фирми преку јавни набавки.

„Факт е дека државните патишта не се одржуваат. Сакам повторно да се видиме и да излеземе заедно да видиме како сега ќе се одвива одржувањето на патиштата“, изјави Рустеми во Клан дебата.

Инаку задачата на Мирсад комерц за 2,4 милиони евра е „косење на трева, плевел, грмушки, кастрење на гранки и сечење на дрва во патен појас, чистење и собирање на смет во времетраење од 2 години, за потребите на ЈП Државни патишта“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Андоновски: Националниот дата-центар ќе биде со капацитет под 1 MW,

07/08/2026
Македонија

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026
Македонија

Портокалова фаза низ целата држава: Утре не чека пекол со

07/08/2026
Македонија

Македонското знаме се вее на 5.054 метри надморска височина: Дарко

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на Западен Нил во Скопје: Хоспитализирани 16

07/08/2026
Македонија

Инфлацијата во јули изнесува 0,1 процент, на годишно ниво трошоците

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична

07/08/2026
Македонија

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44909
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Андоновски: Националниот дата-центар ќе биде со капацитет под 1 MW, граѓаните ги добиваат првите е-услуги

07/08/2026

Идниот национален дата-центар нема да биде гигантски комерцијален објект, туку компактен и ефикасен систем со инсталирана моќност под еден мегават,

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026

При гаснење на пожар во струшкото село Долна Белица, огнот зафатил и сериозно оштетил противпожарно возило на Територијалната противпожарна единица

Портокалова фаза низ целата држава: Утре не чека пекол со температури до 40°C

07/08/2026

Територијата на целата држава утре (8 август 2026 година) ќе биде зафатена од висок температурен бран. Времето ќе биде сончево

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy