Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 УНИ Банка направи џиновски исчекор! Дивидендата ќе биде 60% повисока од лани!
Економија

УНИ Банка направи џиновски исчекор! Дивидендата ќе биде 60% повисока од лани!

05/05/2023

AA

Секоја акција на УНИ Банка носи бруто дивиденда од 283 денари што е за 60 отсто повеќе од дивидендата исплатена лани. Вкупно ќе биде исплатен бруто износ од 2,51 милиони евра од кои околу четврт милион евра ќе ги земе УЈП врз основ на даноци за заддршка или персоналец. Околу 300 домашни акционери ќе поделат меѓу себе нето износ од 475.000 евра

УНИ Банка направи голем исчекор, кој освен акционерите, го поздравува и целата македонска инвеститорска заедница. Зошто? Затоа што е убаво кога се гледа дека компанијата води изразита грижа за своите акционери. Вчера на акционерското собрание беше усвое предлогот со кој УНИ Банка ќе даде 283 денари бруто дивиденда за секоја акција со право на глас.

Тоа значи дека по исплата на данокот ( на заддршка на странци или персоналец за домашни акционери) УНИ Банка за секој свој акционер издвојува нето дивиденда од 255 денари за акција. Ова е принос од 4,9 отсто на последната пазарна цена на таа акција. Дивидендата што ја дава банката е конкурентен принос во споредба со речиси сите „блу-чип“ акции на Македонската берза кои имаат беспрекорна дивиденда историја.

Оваа дивиденда се очекува да охрабри и нови инвеститори кои би ја купиле таа акција особено затоа што дели дивиденда втора година по ред и затоа што сега дивидедната е повисока за 60 отсто во споредба со лани.

УНИ Банка годинава, за добивката во 2022 година, ќе подели 2,51 милиони евра дивиденда. Од тој износ 10 отсто односно четврт милион евра ќе одат во државниот буџет на име даноци, а другите 2,25 милиони евра ќе ги поделат акционерите сразмерно со бројот на акции што го поседуваат во таа компанија.

Најголеми поединечни акционери во таа банка се бугарските државјани Цеко Тодоров Минев и Ивајло Димитров Мутафчиев кои поседуваат по 36,45 отсто од акциите со право на глас. Околу 21 отсто од акциите во таа банка ги поседуваат домашни физички и правни лица, над 300 на број. Тие ќе поделат мешусебно околу 475.000 евра дивиденда во нето износ.

Дивидендата акционерите ќе ја добијат за еден месец од сега, исплатата ќе почне на 5 јуни годинава, а последен ден на тргување со право на дивиденда е 19 мај годинава. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина

24/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев

24/09/2026
Македонија

КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ Со остар предмет нападнал сосед, неговата

24/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ ВО ЊУЈОРК Марк Руте

24/09/2026
Македонија

ДИРЕКТНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-ДУБАИ ОД МАРТ В ГОДИНА Министерот Николоски за

24/09/2026
Македонија

НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИМ СЕ ИСПЛАТЕНИ 105,8 МИЛИОНИ ЕВРА, 90% ОД

24/09/2026
Македонија

СО ДАТА-ЦЕНТРИТЕ ОЧЕКУВАМЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ОД 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Министерот

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45787
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина на Битола

24/09/2026

Вечерва во 22:18 часот по локално време, во југозападниот дел на Македонија е регистриран земјотрес со магнитуда од 3,3 степени

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк остварил средба со српскиот претседател Александар Вучиќ. – Остварив средба со претседателот на Република Србија,

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев ветува мерит систем, каде знаењето

24/09/2026

Заврши времето кога само етничката припадност беше услов за добивање работно место во јавниот сектор, а новиот закон за правична

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy