Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Директорите на ЦСР бараат извинување од Велковски – МТСП им врати: Оркестрираниот напад нема да не поколеба јавноста да ја дознае вистината
Македонија

Директорите на ЦСР бараат извинување од Велковски – МТСП им врати: Оркестрираниот напад нема да не поколеба јавноста да ја дознае вистината

19/03/2024

AA

Директорите на Центрите за социјална работа денеска упатија реакции по повод прес конференцијата на техничкиот министер Ѓоко Велковски.

Тие велат дека навредите на еден министер кон сите вработени и повредата на достоинството на директорите е неприфатливо однесување за предводник кој треба да влева доверба и сигурност кај граѓаните!

„Како директори јавно го искажуваме своето незадоволство од непромислените изјави на техничкиот министер, Велковски на вчерашната прес-конференција. За еден професионалец да работи во социјална заштита потребна е посветеност, толеранција и емпатија, чиста професионалност и информираност, а пред се знаење. Министер што не ги проверува информациите пред да ги каже во јавност а притоа ги навредува сите вработени во институцијата каде моментално тој е на чело е целосно неприфатливо. Бараме извинување за нарушување на интегритетот на нашите вработени, како директори го цениме трудот на вработените и никакви политички игри не смеат да ја навредат нивната професионалност! Човек што не ги почитува вработените, не можe да води едно од најголемите министерства во државата!“, велат тие.

На ова со реакција се јавија и од Министерството, кое преку соопштението ги окарактеризираше овие изјави како оркестриран напад и порача дека истите нема да ги поколеба во целта јавноста да ја дознае вистината.

„Оркестриран напад на вчерашните објави за сторен криминал од страна на раководни лица во ЦСР, нема да не поколеба јавноста да ја дознае вистината тоа како се исплаќала социјална помош и социјални пензии. Овој атак има име и презиме а јавноста многу добро знае кое е тоа.

После вчерашната пресс конференција на повидок излезе грубата партизација на министерството од изминатите министри. Од вчера сме сведоци и на притисоци кон вработени и инспектори да не се доставуваат податоци за откриените злоупотреби.

Директорите на центрите за социјална работа, кои се поставени од претходните министри на СДСМ, откривањето на противправни исплати на социјална помош го престават како навреда кон вработените.

Во пресс конференцијата во ниеден момент не се потенцира кои се одговорни лица вмешани во овие злоупотреби, туку се посочуваат дека во ова се вклучени повеќе лица кои понатамошните постапки ќе ја утврдат одговорноста.

Почитувани директори на центрите за социјална работа, Доколку се докаже дека по откривањето на овој скандал направите макар еден прекин на социјална помош по основот кој го наведовме дали ќе ја преземете комплетната одговорност за злоупотреба на исплата на средства на лица кои не исполнувале законски услови со месеци или години назад?“, велат од Министерството.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НАМЕСТЕН ТЕНДЕР ОД 8 МИЛИОНИ ЕВРА, ИСПРАНИ 2 МИЛИОНА ЕВРА

21/12/2025
Македонија

Магија во длабочините на Охридското Езеро: Елка под вода за

21/12/2025
Македонија

СЛЕТАА 13, ПОЛЕТАА 13 АВИОНИ, ОТКАЖАНИ 20, А ПРЕНАСОЧЕНИ 2

21/12/2025
Македонија

Биланс од маглата: Дури 20 летови откажани денеска, но сообраќајот

21/12/2025
Македонија

ХАОС НА УНГАРСКАТА ГРАНИЦА: 33 автобуси полни со патници „заглавени“

21/12/2025
Македонија

ОТКАЖАНИ СЕ 20 ЛЕТОВИ, АЕРОДРОМОТ НЕ Е ЗАТВОРЕН Маглата предизвикува

21/12/2025
Македонија

Зимата пристигна точно во 16:03 часот – пред нас се

21/12/2025
Македонија

Ултиматум до Владата: Или исплата на субвенциите неделава или блокади

21/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 39272
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАМЕСТЕН ТЕНДЕР ОД 8 МИЛИОНИ ЕВРА, ИСПРАНИ 2 МИЛИОНА ЕВРА Петрушевски ја објасни криминалната шема

21/12/2025

Криминалната шема на СДСМ и ДУИ во ЕСМ испрала 2 милиони евра пари на граѓаните, рече денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ

Магија во длабочините на Охридското Езеро: Елка под вода за „малите херои“ со ретки болести

21/12/2025

Празничната магија не ги заобиколи ниту длабочините на Охридското Езеро. Традиционално, и оваа година блесна новогодишна елка под површината на

СЛЕТАА 13, ПОЛЕТАА 13 АВИОНИ, ОТКАЖАНИ 20, А ПРЕНАСОЧЕНИ 2 ЛЕТА Меѓународниот аеродром Скопје е

21/12/2025

Од ноќеска на полноќ до вечерва во 20 часот на Меѓународниот аеродром Скопје, поради намалена видливост предизвикана од магла откажани

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy