Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Димитриевски за разговорот во МВР: Целта е вршење притисок пред формирањето на политичкиот субјект
Македонија

Димитриевски за разговорот во МВР: Целта е вршење притисок пред формирањето на политичкиот субјект

11/07/2023

AA

Вечерва, градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во централниот Дневник на телевизија Сител во однос на случајот од минатата недела кога беше повикан во МВР на информативен разговор потенцираше дека е подготвен да им отвори канцеларија на МВР во општината да дојдат и да ги имаат сите документи на увид.

Тој информираше дека има над 50 пријави, од кои сите се анонимни и процесуирани на ист начин.

„Се испраќаат до полицијата, полицијата праќа до Обвинителство не секогаш, добиваат насоки за постапување, отвораат предмет и работат. На крајот истражуваат и нема ништо. Едноставно, се чудам од тој феномен што се случува, бидејќи вие да ангажирате човечки ресурси во МВР во време кога во државата (јас не го велам тоа, го велат сите релевантни странски дипломати) цвета корупцијата. И од друга страна да трошите време на празно мислам дека е депласирано. Имаат единствено цел да извршат притисок особено во овој период пред формирање на политичкиот субјект врз мене и моите истомисленици, да испратат одредена скриена порака и да ги заплашат. Но, како и да е тоа нема да ме обесхрабрува“, рече Димитриевски.

Димитриевски посочи дека е зачуден од денешната изјава на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на оваа тема.

„Јас се согласувам со оваа милозвучна клише изјава на министерот и искрено би верувал дека е така доколку на пример имаше истрага за господинот Артан Груби да биде повикан на сослушување за она што се говореше во јавноста околу проектот Бехтел и Енка, коридорот 8 и 10, или пак за внукот на Али Ахмети бидејќи до ден денеска уште никој не е повикан, што значи истиот фаќа страна. За едните законот важи, за другите не важи. Како и да е, јас сум тука и подготвен сум да соработувам за било која истрага. Не е за мене првпат, се обидувале многу порепресивно да ме обесхрабрат во моите намери, но нема да успеат ниту мене, ниту моите истомисленици. Инаку, методот на оваа МВРО-изирано министерство коешто е со едно големо „О“ да врши притисок и да ги користи сопствените ресурси за да се раскусурува сопартиските неистомисленици“, додаде Димитриевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

УТРЕ ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО И ПОСТУДЕНО ВРЕМЕ Следните денови пораст на

19/02/2026
Македонија

ЛЕНЧЕ РИСТОСКА ОТПАДНА ОД КОНКУРЕНЦИЈА Нема да биде државен јавен

19/02/2026
Македонија

Хоџа: Делегација од Турција со 30 бизнисмени заинтересирана за инвестиции

19/02/2026
Македонија

Десетмина пред суд по заплената на пет тони марихуана во

19/02/2026
Македонија

ИСТРАГАТА ЗА ДРОГАТА ЗАПЛЕНЕТА ВО СРБИЈА ВОДИ КОН ВАЖНИ ИМИЊА

19/02/2026
Македонија

Лице со Алцхајмер исчезна во Карпош 1 – семејството апелира

19/02/2026
Македонија

ПОСТОИ ОПЦИЈА МАКЕДОНИЈА ДА ВЛЕЗЕ ВО ЕУ НО БЕЗ ПРАВО

19/02/2026
Македонија

ФОТО Сообраќајка на булеварот „Партизански одреди“ 

19/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41682
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

УТРЕ ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО И ПОСТУДЕНО ВРЕМЕ Следните денови пораст на температурите

19/02/2026

Времето утре (20.02.2026) во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а ќе дува умерен северен до североисточен ветер,

ЛЕНЧЕ РИСТОСКА ОТПАДНА ОД КОНКУРЕНЦИЈА Нема да биде државен јавен обвинител

19/02/2026

Во интервјуто на Канал 5, премиерот Христијан Мицкоски, посочи дека од четирите кандидати за државан јавен обвинител за кои Советот

Хоџа: Делегација од Турција со 30 бизнисмени заинтересирана за инвестиции во земјоделството

19/02/2026

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, во емисијата „Ритам на денот“, се осврна и на последната средба со

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy