Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Димитриевски: Транспарентност, отчетност и одговорност ќе бидат нашите начела на делување, наспроти криминал и корупција на сегашната власт
Македонија

Димитриевски: Транспарентност, отчетност и одговорност ќе бидат нашите начела на делување, наспроти криминал и корупција на сегашната власт

23/11/2023

AA

“Транспарентност, отчетност и одговорност ќе бидат трите начела по кои што ќе се работи во рамките на новиот политички субјект. Ние ова го имплементираме веќе во Куманово и се разликуваме од останатите кои само зборуваат, а ние го правиме на дело. Најважно е државата првенствено да се стабилизира, еднаш засекогаш да излезе еден човек којшто ќе каже јасно и гласно “Државата должи толку, имаме толку обврски, имаме толку судски спорови, фондот за пензиско и здравствено осигурување е во таква состојба, за пензионерите имаме толку пари за да обезбедиме пензии”. Каде завршуваат парите? Тоа го потврдува извештајот на ЕК, екстремно ниво на криминал и корупција и тоа мора да се спречи бидејќи ќе пукнеме”, вели градоначалникот на Општина Куманово и лидер на новата политичка партија ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски во вечерашното гостување во емисијата Вин Вин на телевизија Телма.

Новоформираниот политички субјект којшто го предводи Максим Димитриевски, вели ќе работи на креирање нови политики за граѓаните и државата, потенцирајќи дека како што успеал успешно да ги имплементира програмските активности во Куманово, истото да го направи и на централно ниво и тоа како што додава, да се одважи група на луѓе која ќе ги донесе тие промени.

“Мора да се одважи една група на луѓе која ќе си го посвети личниот ангажман во следните четири плус четири, вкупно осум години каде што ќе ја стабилизира состојбата, но во меѓувреме ќе изнајде начин и како да создава нови добра за државата да го крене БДП-то и да создаде одржлив развој. Ние денеска ги заборавивме основните вредности на Македонија, Илинден и АСНОМ поради кои гинеа нашите предци и го создаваа ова парче територија во една организирана, независна држава. Ги заборавивме и тие што на времето ја создаваа оваа држава, пензионерите. Денеска пензионерите се на работ на егзистенција”, потенцира тој.

Димитриевски најави дека новиот политички субјект ќе одржи нов конгрес откако и официјално ќе бидат завршени сите постапки за регистрација на партијата, каде ќе се дефинира идеологијата, ќе се изберат нови тела и органи на партијата.

“Во моментов имаме само времено раководство избрано на последното собрание каде присуствуваа повеќе од половина од потписниците. Имаме трочлен извршен и надзорен одбор којшто ќе има работа да ја заврши регистрацијата на политичкиот субјект. И покрај опструкциите кои што ги има и ќе ги има претпоставувам, ние ќе го завршиме тој процес за веќе на следниот конгрес членството и делегатската структура ќе ја дефинира идеолошката позиција на тој политички субјект. Јас лично за мене можам да кажам дека моите определби секогаш биле и ќе бидат социјалдемократски, водени пред се од социјалните и економските политики”, вели Димитриевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27

29/09/2026
Македонија

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е

29/09/2026
Македонија

ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ Е ИНВЕСТИЦИЈА ВО СОПСТВЕНАТА БЕЗБЕДНОСТ Муцунски со

29/09/2026
Македонија

СВЕЧЕНО ЗАКОПУВАЊЕ НА „ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ“ НА ЕВРОПСКИТЕ ПРИНЦИПИ НА ЈУГОТ

29/09/2026
Македонија

167 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ПЕТ ЧАСА Засилени контроли возачите на

29/09/2026
Македонија

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА

29/09/2026
Македонија

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ

29/09/2026
Македонија

КЛЕКОВСКИ СЕКОЈ ДЕН МЕРИ ПРИТИСОК И ТЕЖИНА, ЗОШТО НЕ И

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45876
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27 СТЕПЕНИ Есента покажува различни лица

29/09/2026

Под влијание на поле со висок воздушен притисок, Македонија ја очекува период на релативно стабилно време, но утрата ќе стануваат

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е ставовите да ги соопштувате од

29/09/2026

Проф. д-р Андреј Петров, гостувајќи во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, зборуваше за критиките кон иницијативата во која учествува, како

ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ Е ИНВЕСТИЦИЈА ВО СОПСТВЕНАТА БЕЗБЕДНОСТ Муцунски со порака од Скопје до Брисел

29/09/2026

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy