
Димитриевски со Рајо освои само бод против Селта
Фудбалерите на домашниот тим напаѓаа во текот на целиот натпревар и беа блиску до погодок, меѓутоа Селта се одбрани од нивните напади и се спаси од пораз.
Македонскиот чувар Столе Димитриевски беше на голот на Рајо и ја зачува мрежата, откако немаше премногу работа.
Рајо со ремито скокна до 10. место во Ла Лига и има 20 бодови, додека Селта останува на 18. позиција со 10 бода.
