
Димитриевски од Охрид: Македонија мора да продолжи да се развива како држава
Македонија мора да продолжи да се развива како држава. За да станеме членка на Европската унија првенствено треба да ја средиме да личи, да биде стабилна и да е самоодржлива држава. Треба да си ги засукаме ракавите дома, да си се фатиме за работа, да ги спречиме енормната корупција и криминалот што ги создадоа и ги создаваат политичките елити. Тоа го истекна на вечерашниот митинг во Охрид претседателскиот кандидат од движењето ЗНАМ Максим Димитриевски.
Според него, ветувањето за влез во Унијата во 2030 година е лага и манипулација.
– Да станеме свои на своето и тогаш ќе може да се отвори портата во Европа да влеземе таму како достоинствени и горди Мкаедонци, а не како негирани луѓе од балканските простори, рече Димитриевски.
Пред охриѓани вети дека доколку ја добие довербата на граѓаните, ќе се бори за народот и државата и оти целта му е да стане претседател на Македонија.
Од позиција на претседател рече дека ќе понуд и национална пратформана сите политички партии што ќе сакаат да преговараат и разговараат со претставниците од Движењето ЗНАМ за составување на идната власт, да ја потпишат и прифатат.
За него Македонија не е мултиетничка држава, туку држава којашто гради и сака да гради реално мултиетничко општество. Тоа, како што рече, подразбира културни и други права еднакви за сите, но и почитување на законите и извршување на обврските.
– Ако се вее македонското знаме тука, во Охрид, ќе мора да се вее и во Кичево. А не да ни се веат знамиња на други држави. Не дозволувам да се гази по моето национално, а го почитувам твоето во целост. И така ќе живееме, додаде Димитриевски.
Караванот на Движењето ЗНАМ претходно имаше средба со граѓаните на вевчани и на Струга.
