Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Димитриевски: Нема да дозволиме Македонецот да се чувствува како граѓанин од втор ред во сопствената држава
Македонија

Димитриевски: Нема да дозволиме Македонецот да се чувствува како граѓанин од втор ред во сопствената држава

16/02/2024

AA

„Движењето ЗНАМ – за Наша Македонија во моментов е најбрзорастечкиот политички субјект во историјата на македонскиот плурализам од осамостојувањето  наваму. Ниту една политичка партија немала таков тренд на раст“, рече претседателот на Движењето, Максим Димитиревски во гостувањето на Инфомакс, во дебатната емисија „Тешки муабети“.

„Граѓаните ги препознаваат нашите политики. Ние не се бориме за власт. Ние ќе се бориме за одговорност. Јас и тука во вашето студио, а и јавно тоа го ветувам дека по изборите, на деветти мај, убав ден, нештата во Македонија нема  да бидат исти, од секој аспект. Прво нема никогаш повеќе да дозволиме Македонецот да се фрустира и да се чувствува како граѓанин од втор ред во сопствената држава. Никогаш повеќе нема да дозволиме граѓанинот на Македонија да биде манипулиран на начин како што беше манипулиран досега. Ќе ја зголемиме транспарнетноста во сите сегменти на државата и ќе работиме на конкретни реформи.“ додаде тој,

-Очекувам Движењето ЗНАМ да биде кинг-мејкерот на следната владина коалиција, потенцираше Димитриевски.

Запрашан дали стои зад концептот – едно општество за сите, Димитриевски рече дека  едно општество за сите подразбира еднакви права и обврски за сите, но за жал едно општество за сите  се траснформираше во едно општество за поединци.

“Оние кои од позиција на власт ги уживаат сите бенефиции од власта, додека обичниот граѓанин е целосно оставен на страна, се со намера да се создаде еден феномен, кој јас го дефинирам како  приватна држава, во која тие кои се избрани од страна на граѓаните  изнаоѓаат различни механизми за доаѓање до средства на нечесен начин и со нив  капитализираат дополнително бизнниси, преку кои ги контролираат оние кои нив ги гласаат. Тоа е приватна држава и тоа се случува во мометнтот, сега. Не одлучуваат политичките субјекти, туку одлучуваат политбироата, односно мала група на луѓе во политичките субјекти”, објасни тој.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy