Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Димитриевски: На првиот конгрес ќе ги претставиме нашите носители на кандидатските листи за пратеници за сите изборни единици и нашиот кандидат за Претседател на држава
Македонија

Димитриевски: На првиот конгрес ќе ги претставиме нашите носители на кандидатските листи за пратеници за сите изборни единици и нашиот кандидат за Претседател на држава

23/12/2023

AA

Регистрацијата на политичката партија Движење ЗНАМ – За Наша Македонија е во целост завршена пред надлежниот суд. Добивме решение за регистрација и наскоро правниот субјект од формално правен аспект ќе биде целосно ставен во функција, информираше Претседателот на новата политичка партија и актуелен Градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски на брифингот со новинари.

Седиштето на партијата е во Скопје, новоотворените простории на Булевар Климент Охридски бр.66  ќе бидат главниот изборен штаб за следните парламентарни избори, а согласно плановите на партијата ќе следува отворање на дополнителни простории и канцеларии.

“Нашиот политички субјект ќе биде позициониран во Центарот, а во делот на социјалните политики ќе се движиме кон Лево, бидејќи сметаме дека најголем дел од членовите, барем до сега и оние кои што се заинтересирани да членуваат во нашиот субјект во делот на социјалните политики сметаат дека Македонија е социјална држава, во која што треба да се даде еднаква можност за сите и каде што во едно такво социјално општество оние кои што имаат повеќе ќе треба да одвојат повеќе за да може да се избалансира односот во социјалните средини, како би можело да се подигне повисоко ниво на раст и развој на најсиромашните граѓани во државата и во општеството”, потенцираше Димитриевски.

На основачкото собрание на партијата претходно беа изберени времени органи и тела на партијата согласно статутот: Претседател, 3 члена на извршниот одбор до моментот на одржување на првиот редовен конгрес на партијата и 3 члена на надзорниот одбор.

На брифингот Димитриевски се осврна на петте основни политички приоритети на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија и тоа: Македонија со висок степен на национална свест, зачувување на македонскиот идентитет, јазик, историја и култура; Македонија – држава во која правдата ќе биде еднаква и достапна за сите; Македонија – самоодржлива држава, особено во делот на енергетиката и производството на храна и зачувување и рационално искористување на природните ресурси; Македонија со високо изразена слобода и еднаквост на граѓаните; Македонија со меѓуетничка толеранција и соживот, Македонија мултиетничко општество, а не биетничко општество, како што е во моментов.

Во однос на  следните планови и активности, Димитриевски информираше дека партијата има за цел до крајот на годината да формира најмалку 10 до 15 општински ограноци, а конечната цел е да се формираат  општински ограноци во сите општини на територијата на Македонија, без разлика дали се тие моноетнички, или пак се мултиетнички.

“Целта е до Kонгресот, кој што ќе се одржи некаде на крај на Февруари, или прва недела на Март да имаме формирано општински организации најмалку на половина од територија на државата. Овој Конгрес ќе биде и наш прв Конгрес, но ќе има и одредена форма на Конвенција, ќе бидат избрани целосно нашите органи и тела, на извршен и централен одбор, но покрај тоа ќе бидат промовирани и нашите носители на кандидатските листи за пратеници за сите 6 изборни единици и ќе биде промовиран и нашиот кандидат за Претседател на држава, што значи дека Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија ќе има свој кандидат за Претседател на следните претседателски избори”, порача Димитриевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

🎥 ИСТОРИЈАТА НА ИСТОРИЧАРИТЕ, МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ Царот Симеон со

17/11/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВА ЕВРОПСКА ИДНИНА, ЗАСНОВАНА НА ПРИНЦИПИЕЛНИ ОДНОСИ Мицкоски на

17/11/2026
Македонија

„ГАСТРО“, „ДИГЕСТИВНА“ И „ПЛАСТИЧНА ХИРУРГИЈА“ ДОБИЈА НОВИ ДИРЕКТОРИ Министерот Клековски

17/11/2026
Македонија

МЕЛБУРН ИМ СЕ ИЗВИНИ НА МАКЕДОНЦИТЕ ЗА ЗАБРАНАТА ДА ГО

17/11/2026
Македонија

ШТО НОСАТ ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВОЗИЛА ПРЕДЛОЖЕНИ ОД ВЛАДАТА

17/11/2026
Македонија

ПАЛАНЧАНЕЦ УАПСЕН ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО Ја тепал својата 20-годишна ќерка

17/11/2026
Македонија

САД ПРЕДУПРЕДИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИ ЗАКАНИ КОН БУГАРИЈА За Македонија ризикот

17/11/2026
Македонија

НА 27 НОЕМВРИ КОРАБОСКИ ЌЕ СЕДНЕ НА ОБВИНИТЕЛНА КЛУПА Обвинет

17/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46816
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

🎥 ИСТОРИЈАТА НА ИСТОРИЧАРИТЕ, МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ Царот Симеон со порака од Брисел

17/11/2026

Поранешниот бугарски цар и премиер Симеон Сакскобурготски порача дека многу од историските теми треба да им се препуштат на историчарите,

МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВА ЕВРОПСКА ИДНИНА, ЗАСНОВАНА НА ПРИНЦИПИЕЛНИ ОДНОСИ Мицкоски на форум за проширувањето на ЕУ

17/11/2026

Премиерот Христијан Мицкоски, во рамки на работната посета на Брисел, учествуваше на Форумот за проширување на Европската Унија, посветен на

„ГАСТРО“, „ДИГЕСТИВНА“ И „ПЛАСТИЧНА ХИРУРГИЈА“ ДОБИЈА НОВИ ДИРЕКТОРИ Министерот Клековски очекува одговорно и стабилно работење

17/11/2026

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска ги прими новоименуваните директори на три јавни здравствени установи — Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy