Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Димитриеска-Кочоска: Солидарниот данок би можеле да им го вратиме на компаниите со пребивање
Економија

Димитриеска-Кочоска: Солидарниот данок би можеле да им го вратиме на компаниите со пребивање

19/02/2025

AA

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека кризниот солидарен данок, чие законско решение неодамна Уставниот суд го поништи, би можел да им биде вратен на компаниите со пребивање.

Тоа би значело дека оние 50 милиони евра кои еднократно беа дополнително оданочени од околу 150 компании, би можело да им се вратат така што тие во наредниот период не би ги плаќале тековните даноци за истата сума која треба да им се врати.

–  Но секако, како и претходно ќе најдеме начин да ги сервисираме обврските и да обезбедиме стабилност во јавните финансии. Во наредниот период ќе седнеме и ќе разговараме со компаниите кои биле опфатени со ова законско решение и можеби ќе се разгледа и можноста за пребивање. Секако дека сме посветени на фискална консолидација, ефикасно трошење на средствата и ефикасно прибирање на приходите, одговори меѓудругото министерката на едно од прашањата во денешното интервју за Независен.

Уставниот суд донесе одлука да го поништи Законот за солидарен данок. Тоа значи дека државата, односно ние граѓаните, ќе треба да им вратиме околу 49,2 милиони евра на 156-те најпрофитабилни компании кои во 2022 година беа еднократно оданоечни со т.н. солидарен данок.

Данокот на солидарност беше воведен како еднократна, вонредна јавна давачка во 2023 година. Со него беа задолжени сите компании кои оствариле профит над 615 милиони денари во 2022 година. Околу 150 компании мораа да платат задолжителен вонреден данок на солидарност на веќе одданочениот профит од претходната година.

Целта на законот, како што објаснуваше претходната влада на СДСМ, беше да се соберат средства за ублажување на последиците од здравствената и екномската криза и да се придонесе за јавните расходи на солидарен начин.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Здружението „16 март“ по денешното рочиште за „Пулс“: Ако знаеле

01/09/2026
Македонија

Комисијата за заштита на конкуренцијата го анализира новиот режим на

01/09/2026
Македонија

УХМР предупредува: Наместа ќе има услови за локална нестабилност со

01/09/2026
Македонија

Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон

01/09/2026
Македонија

Две лица приведени по тепачката во Чаир во која со

01/09/2026
Македонија

13-годишно дете во исклучително тешка состојба по тепачка во Чаир

01/09/2026
Македонија

Клековски за повреденото дете од Чаир: Има убод во срце,

01/09/2026
Македонија

Ќе се реконструира Клиниката за физикална медицина: Ново греење, изолација

01/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45366
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Здружението „16 март“ по денешното рочиште за „Пулс“: Ако знаеле за неправилностите, зошто не постапиле?

01/09/2026

Прашањата што обвинетите денеска им ги поставувале на вештаците отвораат дополнителни прашања за тоа колку биле запознаени со состојбите и

Комисијата за заштита на конкуренцијата го анализира новиот режим на „Hug & Fly“ на скопскиот

01/09/2026

Новите правила за користење на зоната „Hug & Fly“ на Меѓународниот аеродром Скопје се предмет на анализа од страна на

УХМР предупредува: Наместа ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен

01/09/2026

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy