Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА: Ребалансот се подготвува, предизвикот е голем, но ќе се справиме, пари за плати, пензии и се она што е преземено со закон ќе има
Економија

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА: Ребалансот се подготвува, предизвикот е голем, но ќе се справиме, пари за плати, пензии и се она што е преземено со закон ќе има

27/06/2024

AA

Во Министерството за финансии се подготвува ребалансот на Буџетот за 2024 година. Ќе се обезбедат пари за плати и пензии, за она што е преземено како обврска во согласност со закон, а ќе се скратат неприоритетните и непродуктивните трошења. Предизвикот е голем, планираниот дефицит е потрошен околу 90 отсто, велат од Министерството за финансии. 

Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во своето прво гостување по преземање на функцијата во подкаст „Каде се парите“, во кое говори и за плановите, за сериозниот пристап во работењето, борбата со сивата економија, зголемување на пензиите, како и за најавениот заем од една милијарда евра.

„Состојбата е многу лоша. Дефинитивно предизвикот е голем. Не велам дека нема да се справиме. Насоките што ги дадов се дека приоритет мора да имаат платите и пензиите. Во исто време да се даде приоритет на се она што е преземено со закон и дека тоа мора да се плаќа, а потоа да продолжиме со тоа колку пари ќе останат за да се прераспределат на другите ставки“, рече министерката Димитриеска-Кочоска. 

Таа додаде дека има позиции, како што е примерот со ДИК да фалат огромни средства и да не може да се исплати она што е преземено во согласност со закон, истото, како што вели, е и во делот на исплата на пензиите каде се испланирани помалку средства за 2,5 милијарди денари.

Министерката објасни дека имаме фактичка состојба на реализиран буџетски дефицит од 90 отсто, но дека ќе има простор да се реализираат расходи бидејќи таа состојба ќе се менува како ќе пристигнуваат приливи во буџетот и дека за тоа е важно час поскоро да се направат промени на челните позиции во УЈП и Царинската управа. Исто така, значајна е борбата со сивата економија, за што, како што вели министерката, ќе има сериозен пристап.

Со ребалансот, потенцира, ќе се обезбедат средства за исплата на планираното зголемување на пензиите од 2.500 денари со септемвриската пензија, што пензионерите ќе ја добијат во октомври.

„Во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување недостасуваат 2,5 милијарди денари за исплата на пензиите. И ништо да не се промени, СДСМ и ДУИ предвиделе 2,5 милијарди денари помалку за пензии. Што значи ќе требаше да се дополнат. Тоа се 40 милиони евра. Дополнителни 40 милиони евра се потребни за да се реализира зголемувањето од 2.500 денари. Немам дилема дека ќе да ги најдеме тие средства“, рече министерката за финансии и дополни дека тие средства нема да бидат обезбедени од најавениот заем од 1 милијарда евра. Инаку, како што истакна, пензионерите ќе добијат уште 2.500 денари до јуни наредната година, а може и порано, со што ќе се оствари ветувањето за линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари“, вели министерката. 

За најавениот заем од 1 милијарда евра посочи дека ќе биде од земја од ЕУ и дека тие ќе се користат за капитални проекти.

„Она што можам сега да го кажам и што сме го повторувале многу пати е дека таа милијарда ќе стигне од земја на ЕУ. Средствата ќе бидат наменети исклучиво за проекти и нема се повлечат одеднаш. Тие средства ќе претставуваaт еден сигурносен бафер во овој момент за да имаме сигурност во однос на тоа да начекаме многу лоша состојба. Но тоа не значи дека нема да се искористи. Напротив првите 250 милиони евра ќе стигнат во еден можен најкус рок, а ќе бидат наменети за приватниот сектор, односно ќе ги пласира Развојната банка преку комерцијалните банки, по исклучиво поволни услови со камати под 3 oтсто“, наведе министерката за финансии Димитриеска-Кочоска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРАШАЈТЕ ГИ ВО КРИВА ПАЛАНКА ДАЛИ СЕ ПРОТИВ АНТИМОНОТ Мицкоски

29/09/2026
Македонија

ПОПЛАВА ВО ОБЈЕКТОТ НА ПОРАНЕШЕН НИП НОВА МАКЕДОНИЈА Повеќе државни

29/09/2026
Македонија

ДЕЛЕГАЦИИТЕ НА СДСМ ВО САД БРОЕЈА И НАД 50 ЛУЃЕ

29/09/2026
Македонија

БУГАРИЈА ЗА НЕКОЈ ДЕН ЌЕ ГИ ДОБИЕ ОСТАНКИТЕ НА ЦАР

29/09/2026
Македонија

БУГАРИЈА ЗА НЕКОЈ ДЕН ЌЕ ГИ ДОБИЕ ОСТАНКИТЕ НА ЦАР

29/09/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ РЕДОВНО ГУБИ НА ИЗБОРИ, ЗОШТО БИ САКАЛЕ НЕГОВА СМЕНА

29/09/2026
Македонија

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и

28/09/2026
Македонија

УТРИНСКИ МРАЗ ВО БЕРОВО, ЛЕТНИ 26 СТЕПЕНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Голема

28/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45862
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРАШАЈТЕ ГИ ВО КРИВА ПАЛАНКА ДАЛИ СЕ ПРОТИВ АНТИМОНОТ Мицкоски го потсети СДСМ што побарал

29/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли критиките на СДСМ за проектот со антимонот кај Крива Паланка, тврдејќи дека опозицијата „си измислила

ПОПЛАВА ВО ОБЈЕКТОТ НА ПОРАНЕШЕН НИП НОВА МАКЕДОНИЈА Повеќе државни институции, меѓу кои и МОН

29/09/2026

Пукната топловодна цевка утрово предизвика поплавување на првиот кат од зградата на поранешно НИП „Нова Македонија“, каде се сместени повеќе

ДЕЛЕГАЦИИТЕ НА СДСМ ВО САД БРОЕЈА И НАД 50 ЛУЃЕ Еднаш и Пендаровски и Ковачевски

29/09/2026

Кога од СДСМ ќе обвинуваат за масовна делегација во САД, ќе потсетам дека со владите на Зоран Заев и Димитар

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy