Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА: Македонија може да ја искористи актуелната ситуација со царините и да почне директно да извезува во САД
Економија

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА: Македонија може да ја искористи актуелната ситуација со царините и да почне директно да извезува во САД

15/04/2025

AA

Според министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, Македонија може да ја искористи актуелната ситуација со царините и да почне директно да извезува во САД. 

Вели дека поради добрата комуникација на премиерот Христијан Мицкоски со високи лица од Вашингтон, земјава може актуелната ситуација да ја гледа како шанса.

„Кај нас, проблемите се јавуваат како резултат на размената што ја имаме со ЕУ, а ЕУ со САД. Значи, во тој дел треба да следиме што ќе се случува во ЕУ. Пред два дена се вратив од Економскиот форум во Грција каде имаше преку 400 панелисти и речиси немаше панел на кој не се дискутираше за случувањата во САД. Мислам дека и таму работите малку ќе се променат. Гледате и сами дека дојде до намалување на царинските тарифи. Десет отсто царинска тарифа е нешто што може да го прифатат и граѓаните на САД, но и во синџирот или поврзаноста секој по малку да преземе од тој трошок. Оваа состојба е сега веќе комплетно поразлична и очекувам дека ќе има надминување и на овие 10 отсто, можеби ќе стигнеме и ние да искористиме како држава, зашто јас ова го гледам и како шанса за нас зашто премиерот има многу добра комуникација со високи лица од Вашингтон. Очекувам дека ќе ја искористиме во наша полза, па што и да не почнеме директно да извезуваме во САД“, вели министерката. 

Димитриeска – Кочовска очекува да има средби со американските колеги при нејзиниот престој на редовните пролетни средби на ММФ и Светска банка во Вашингтон идната недела на кои, како што наведе денеска, ќе стане збор и за царините. Но, таа уште еднаш напомена дека земјава нема некој голем негативен ефект од ваквата одлука на САД, туку повеќе е индиректно засегната, преку размената со ЕУ.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска објави дека одредени електронски уреди и понатаму ќе бидат подложни на постоечките царини, како и дека следната недела ќе објави нови царини за полупроводници.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Седум нови случаи на Западен Нил во Скопје: Хоспитализирани 16

07/08/2026
Македонија

Инфлацијата во јули изнесува 0,1 процент, на годишно ниво трошоците

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична

07/08/2026
Македонија

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца

07/08/2026
Македонија

Загина 19-годишен мотоциклист во Радишани

07/08/2026
Македонија

Момче од Македонија паднало од тобоган во Бодрум, со скршеница

07/08/2026
Македонија

17 лица почнаа да работат во логистичкиот центар на Лидл

07/08/2026
Македонија

Истекува законскиот рок за истрага, Артан Груби пред укинување на

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44905
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Седум нови случаи на Западен Нил во Скопје: Хоспитализирани 16 лица, тројца се во критична

07/08/2026

Во текот на изминатата недела во земјава се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил. Сите новозаразени

Инфлацијата во јули изнесува 0,1 процент, на годишно ниво трошоците за живот повисоки за 2,3%

07/08/2026

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јули годинава бележи минимален раст од 0,1 процент во споредба со

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична состојба

07/08/2026

Во текот на оваа недела во земјава се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил, соопшти Министерството

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy