Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Димитриеска-Кочоска: Комерцијалните банки нема да земаат провизија за администрирање на унгарскиот заем
Економија

Димитриеска-Кочоска: Комерцијалните банки нема да земаат провизија за администрирање на унгарскиот заем

09/10/2024

AA

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска е убедена дека домашните комерцијални банки нема да земат провизија од администрирањето на делот од унгарскиот заем од 250 милиони евра кој ќе им се дели како поволни кредити на македонските компании.

Министерката во „Тема на денот“ на ТВ Сител рече дека усно е договорено со  комерцијалните банки да не побараат некаков процент за да ја овозможат услугата околу доделување на кредитите на фирмите, или пак таа услуга да биде незначително наплатена.

-Првичните разговори ни беа сепак и тие да учествуваат во целата оваа работа за да ја заживееме економијата, бидејќи знаеме дека во изминатите години го достигнавме нивото, очекувањата на приватниот сектор беа многу лоши затоа и инфлацијата се влошуваше и сега тука заеднички ќе се потрудиме да најдеме начин како и комерцијалните банки да ја поддржат целата оваа работа со минимални или речиси никакви заработки. Секако ќе разговараме, Развојната банка ќе разговара со нив и ќе видиме понатаму како ќе оди целата постапка, вели министерката за фианнсии.

Прашана дали фирмите ќе имаат некакви дополнителни обврски кон комерцијалните банки, бидејќи првично беше најавено дека условите коишто ги користи државата од Унгарија ќе ги имаат и компаниите во земјава, министерката за финансии одговори потврдно.

-Истите услови. Тука нема дилема. Значи, остануваат истите услови – каматната стапка, исто 15 години рок на отплата со вклучени три години грејс период, но она што е важно што и компаниите го знаат и претходно сме го зборувале, станува збор за компании коишто се производни, коишто ќе инвестираат во машини и опрема. Зошто е тоа така, ние рековме нема да ставиме само акцент на извозните компании, може да се и домашните компании коишто произведуваат и продаваат на домашниот пазар. Целта е или да го поттикнеме извозот или да го намалиме увозот. Ефектот е потполно ист. Затоа велиме производни компании под истите услови под коишто и ние го обезбедуваме кредитот, подвлекува Димитриеска-Кочоска.

Таа наведе дека кредитот преку комерцијалните банки ќе биде ставен на располагање за компаниите под истите услови како и за државата, а прво 250-те милиони евра ќе бидат префрлени на сметка кај државната Развојна банка,која сепак нема широк капацитет за администрирање и таа улога ќе мора да им ја допушти на домашните кредитори.

– Тие (компаниите) ќе треба да аплицираат кај Развојната банка, Развојната банка понатаму ќе стапи во комуникација со нив. Најважно од се е тоа што приватниот сектор треба да знае дека средствата ги обезбедивме, дека штом ќе легнат на сметка ќе ги пренасочиме кон Развојната банка и понатаму таа ќе се договори со комерцијалните банки како ќе бидат распределени средствата по комерцијалните банки, вели Димитриеска-Кочоска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ГО ЗЕЛ ДВЕГОДИШНОТО ДЕТЕ И ЗАМИНАЛ ВО ШВАЈЦАРИЈА Татко од

08/11/2026
Македонија

📷 „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ“, „НЕМА ДА НÈ СНЕМА“, „УШТЕ КОЛКУ

08/11/2026
Македонија

ТАЈНО ЈА СНИМАЛ, ПА Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ЕКСПЛИЦИТНИ ВИДЕА

08/11/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГИ ПРЕПОЗНА РЕФОРМИТЕ НА ЗНАМ Од 33 подготвени

08/11/2026
Македонија

СДСМ ШИРИ ПАНИКА, А МОЛЧЕЛ ЗА 110 МИЛИОНИ ОД ВЕНЕЦУЕЛА

08/11/2026
Македонија

СДСМ СОЗДАВА ЛАЖЕН НАРАТИВ ЗА ЕСМ Платите не доцнат, туку

08/11/2026
Македонија

СДСМ И ВЕНКО ПРВО ДА НАУЧАТ КОЈ Е НАДЛЕЖЕН ЗА

08/11/2026
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ СО ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ И ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник

07/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46657
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ГО ЗЕЛ ДВЕГОДИШНОТО ДЕТЕ И ЗАМИНАЛ ВО ШВАЈЦАРИЈА Татко од Врапчиште доби пријава по расправија

08/11/2026

Двегодишно дете било однесено во Швајцарија без знаење и согласност на неговата мајка, откако таткото претходно се скарал со сопругата.

📷 „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ“, „НЕМА ДА НÈ СНЕМА“, „УШТЕ КОЛКУ ИМИЊА“ На протести во Скопје

08/11/2026

Со пораките „Нема да нè снема“, „Ниту една повеќе“ и „Не бараме сочувство, бараме одговорност“ граѓани и активистки во Скопје

ТАЈНО ЈА СНИМАЛ, ПА Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ЕКСПЛИЦИТНИ ВИДЕА Кочанец 3 месеци демнел жена

08/11/2026

Жена од Кочани 3 месеци била изложена на демнење и закани со објавување експлицитни фотографии и видеа, кои биле тајно

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy