Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Димитриеска-Кочоска го претстави Предлог-буџетот за 2026  – Продолжуваме со јасна цел за економско забрзување и фискална консолидација
Македонија

Димитриеска-Кочоска го претстави Предлог-буџетот за 2026  – Продолжуваме со јасна цел за економско забрзување и фискална консолидација

28/10/2025

AA

Владата денеска го усвои Предлог-буџетот за 2026 година, којшто според министерката за финансии Гордана Димиритриеска-Кочоска, претставува продолжување на позитивните трендови во економијата, со јасна цел остварување забрзан економски раст и спроведување фискална консолидација преку строга фискална дисциплина.

„Фискалната политика за 2026 година ќе биде насочена кон одржување на макроекономската стабилност и поддршка на економската активност. Ќе продолжиме со мерки за намалување на сивата економија и зголемување на наплатата на буџетските приходи. Буџетот ќе се темели на реални проекции – приходите ќе се планираат според реалните можности, а расходите ќе бидат насочени кон стратешки приоритети. Исто така, ќе продолжи постепената фискална консолидација и дисциплинираното управување со јавните финансии, со цел поголема ефикасност и одговорност во трошењето на буџетските средства. Ќе се намалуваат несуштинските расходи, а поддршката за граѓаните и стопанството ќе се спроведува по јасни критериуми и со засилен мониторинг“, рече министерката.

Вкупните приходи се проектирани на 374,7 милијарди денари а вкупните расходи изнесуваат 413,9 милијарди денари. Со тоа продолжуваме со спроведување на строга фискална дисциплина, при што растот е поизразен на приходната, отколку на расходната страна. На ваков начин, буџетскиот дефицит изнесува 39,2 милијарди денари, односно 3,5% од БДП, што претставува намалување за 0,5 процентни поени во однос на 2025 година“, рече министерката за финансии.

Таа посочи дека Министерството за финансии проекциите за 2026 година ги базираше на предлог-буџетските барања од буџетските корисници, раководејќи се од принципите на реалност, економичност и ефективност. При тоа во планирањето земени се предвид само неопходните расходи со кои се овозможува нормално функционирање на институциите, како и редовно сервисирање и исполнување на обврските по сите основи.

Посебен акцент во Буџетот, како што истакна Димитриеска-Кочоска, има развојната компонента, поткрепена со високо ниво на капитални инвестиции кои се проектирани во износ од 40,5 милијарди денари.

„Реализацијата на капиталните проекти финансирани од буџетот кои се во позрела фаза се очекува да забрза, но истовремено се очекува и започнување на реализација на најавените проекти во патната, железничката инфраструктура, но и во здравството и образованието. Позитивен придонес кон инвестициите се очекува и од реализацијата на инфраструктурните проекти во општините во следниот период. Очекуваме токму овие капитални проекти да бидат главен двигател на економскиот раст во 2026 година којшто е проектиран на 3,8%. Позитивен раст се очекува да има растот на приватните инвестиции,како и на приватната потрошувачка поддржана со растот на платите и пензиите“, посочи Димитриеска-Кочоска.  

Во 2026 година со предложениот Буџет, којшто беше усвоен од Владата, се обезбедува редовна исплата на плати и пензии, како и континуирани социјални трансфери.

Како што кажа минитерката за социјални трансфери се проектирани на 206,3 милијарди денари, што е раст од 6,7%, за плати 52,6 милијарди денари или 7% повеќе во однос на оваа година, како и 116,8 милијарди денари за пензии што претставува раст од 9,7%.

Потенцира дека се продолжува со мерки кои обезбедуваат одговорно управување со јавните финансии, постепено намалување на расходите и одржливо ниво на буџетски дефицит и јавен долг. При тоа наведе дека тоа ќе се постигне преку строга контрола на преземањето на нови обврски и почитување на буџетските лимити, внимателно планирање на нови вработувања во согласност со буџетските можности, подобра наплата на сопствените приходи од страна на јавните институции, намалување на непродуктивните трошоци и рационално користење на јавните средства, реално планирање и навремена реализација на капиталните расходи, редизајнирање на системот на субвенции и социјални трансфери со построги критериуми, засилена фискална дисциплина и транспарентност и дигитализација на процесите за поефикасни и поквалитетни јавни услуги.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026
Македонија

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди

26/07/2026
Македонија

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026
Македонија

„И Здравје и Работа“: Доста е од дезинформации – време

26/07/2026
Македонија

Пронајдени човечки останки кај македонско-албанската граница

26/07/2026
Македонија

Мицкоски: Скопје памети, Македонија не заборава – вечен спомен за

26/07/2026
Македонија

Приведени осум лица – при преглед кај нив е пронајдена

26/07/2026
Македонија

Хорор во скопско село: Ја фатил мајка си низ прозорецот

26/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44677
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изрази сериозна загриженост поради последните инциденти со дронови во Романија и

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди своето прво дете

26/07/2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р Органџиски“ успешно била реализирана сложена

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026

Стотици жители на Гостивар побарале лекарска помош поради стомачни тегоби неколку дена пред надлежните официјално да прогласат епидемија, покажуваат податоците

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy