
Димитријевиќ одигра одлично, но Рајковиќ се радуваше на победа во македонскиот дуел (ВИДЕО)
Димитријевиќ на теренот беше 33 минути, за кои постигна 17 поени, а имаше и девет асистенции. Во неговиот тим поефикасен беше само Дерил Мејкон со 21 поен.
И покрај добрата партија на Македонецот, победата отиде кај фаворитот, ЦСКА Москва за која најефикасен беше Каспер Вер Јуниор со 17 поени.
Тимот на Емил Рајковиќ е прв на табелата со 26 победи и два порази, втор е Уникс Казан со 23 победи и пет загубени меча.